Хрватска прослави шампионски | Панорама | DW | 16.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Хрватска прослави шампионски

Иако загубија во финалето против Франција, Хрватите го прославија второто место на СП со најголемата улична забава уште од независноста. Навивачите доаѓаа од цела Европа, јавува Среќко Матиќ.

Цели три часа по натпреварот, Љубомир Калевски се уште стои на терасата на Писателскиот клуб во Загреб. Ја набљудува среќната маса на плоштадот Бан Јелачиќ и не може да ги сокрие своите чувства. „Ова се доживува еднаш во животот“, вели Хрватот кој живее во јужна Германија.
Љубомир и го сврте грбот на Хрватска, затоа што во својата татковина не успеал да пронајде перспектива. Како и многу други Хрвати во потрага по подобра работа, заминал во Германија. Но и Хрватите од Канада, САД или Австрија одлучија да дојдат на овој историски ден во Загреб. Љубомир морал да патува 12 часови за да биде тука. А веќе в понеделник мора назад во Германија, на работа. 


Во Хрватска, еден ден по финалето, малкумина мораат на работа. Премиерот уште пред финалето ги повика работодавачите да им дадат слободен ден на своите работници.

Фудбалот ја обедини нацијата

Центарот на Загреб е преполн во оваа топла летна ноќ. Десетици илјади луѓе ги преплавија улиците со своите бело-црвени карирани дресови, се вееја безброј хрватски знамиња и се извикува „Хрватска, Хрватска“ и се пееја патриотски песни како „Мојата татковина“.

FIFA Fußball-WM 2018 | Kroatien Vize-Weltmeister | Fans in Zagreb (Getty Images/S. Stevanovic)

Забавата во Загреб продолжи до рано утрото


Во изминативе недели Хрватите уживаа во успесите на својата репрезентација која тука ја нарекуваат едноставно „ватрени“. Филигранските пасови на Лука Модриќ, или спектакуларните одбрани на Данијел Субашиќ ги ставија за момент во втор план политичките проблеми во земјата: невработеност, разочараност од политика, масовно иселување, корупција- па дури и процесот против Лука Модриќ беше игнориран. Барем на неколку недели.

Среќни и безгрижни

„Националната репрезентација ни покажа како се бори“, вели Љубомир Калевски. „Нашиот проблем е тоа што никогаш немавме сила да ги одбереме вистинските лидери. Можеби сме премногу пасивни. Тоа е причината што толку многу луѓе се отселуваат“. 


Веќе е полноќ во Загреб. Масата луѓе се пресели во паркот Зрињевац. Жива музика од бините, извонредна атмосфера- а пивото тече како река.
Непознати луѓе се гушкаат, си наздравуваат. Неколку туристи од Азија се веселат на маргините на забавата со извици „Хрватска, Хрватска“.
Доброто расположение е заразно. Ова е најголемата улична забава од независноста. Никој не сака да оди дома. Загреб слави среќно и безгрижно.

DW.COM

Реклама