Хакерски напад остави еден милион Германци без интернет | Панорама | DW | 28.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Хакерски напад остави еден милион Германци без интернет

Интернет сервисот на речиси еден милион домаќинства во Германија е прекинат поради веројатен намерен хакерски напад, соопшти Дојче Телеком.

Околу 900 илјади корисници кои користат специфичен модел на рутер се погодени од нападот од неделата попладне, потврди Дојче Телеком, од кои дел воопшто немале пристап до интернет, а дел се соочувале со постојани проблеми.

„Веруваме дека влијанието врз рутерите дошло однадвор“, изјави портпарол на телекомот за АФП. Во рутерите бил инсталиран софтвер кој им оневозможувал да се приклучат кон мрежата на компанијата.

Од Дојче Телеком не даваат детали за кој тип на рутер се работи, но велат дека нивните инженери и колеги од компанијата која го произведува рутерот работеле во текот на целата ноќ на надминување на проблемот.

Корисниците кои биле цел на нападот се советуваат да ги исклучат своите рутери од мрежата.

Германија беше цел на повеќе сајбер-напади во последните години.

Во септември годинава, неколку политички партии беа нападнати со лажни електронски пораки со назнака дека потекнуваат од седиштето на НАТО, а всушност содржеле линк кој инсталирал шпионски софтвер на нивните компјутери.

Во 2015 година, хакери го нападнаа и системот на германскиот парламент- Бундестагот, а безбедносните служби за нападот ја обвинија Русија.

DW.COM

Реклама