Францускиот предлог влегува во Собрание | Северна Македонија | DW | 05.07.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Францускиот предлог влегува во Собрание

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека Собранието ќе донесе одлука дали земјата ќе ги отпочне преговорите со ЕУ. Опозицијата најавува работни групи кои ќе треба да работат на спорните делови од текстот

Францускиот предлог за кревање на ветото и отворање на патот за македонските евроинтеграции влегува во Собранието. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе се формираат работни групи кои ќе работат на предлог-забелешките на преговарачката рамка со ЕУ. Се предлага во тие работни групи меѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба се очекува утре. 

„Ќе се формираат работни групи меѓу политички партии кои ќе работат на предлог-забелешките кои се проблематични во целиот текст“, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Ваквиот предлог доаѓа по повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да се разговара за измени кои што ќе го подобрат предлогот. 

„Работната група на ВМРО-ДПМНЕ и предлозите кои што ќе ги дава на таа работна средба ќе бидат во насока на заштита на идентитетот, јазикот и отргнувањето од бугарските мегаломански барања поврзани со ревидирање на историјата“, изјави Мицевски.  

Од владејачката СДСМ велат дека утре средба ќе има, но меѓу координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии околу заклучоците коишто треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието.  

Собранието треба да донесе одлука

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека Собранието ќе донесе одлукадали земјата ќе ги отпочне преговорите со ЕУ.  Според него, откако ќе заврши консултативниот процес за европскиот предлог, билатералниот договор и сите останати документи ќе бидат испратени во Собранието, по што координаторите на пратеничките групи и претставници на други партии ќе разговараат за европските предлози. Тие треба да донесат заклучоци и одлуки, кои потоа треба да се достават до Владата. 

„Во Собранието се застапени претставници на сите парламентарни политички партии, кои ќе имаат состаноци на коишто треба да расправаат по однос на заклучоците во врска со европскиот предлог којшто го имаме добиено од ЕУ. На Собранието е да одлучи дали ќе донесеме одлука да ги почнеме преговорите и со какви заклучоци“, рече Ковачевски. 

DW.COM