Фотографија на денот: 7 до 10 илјади вакцинации на ден | Северна Македонија | DW | 10.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: 7 до 10 илјади вакцинации на ден

Во моментов 3000 до 4000 македонски граѓани дневно примаат вакцина против коронавирусот. Планот на здравствените власти е таа бројка да се зголеми на седум до десет илјади.

Најголемиот дел од граѓаните и натаму ќе се имунизираат во најголемиот пункт за вакцинација во земјата, салата „Борис Трајковски“.  Од почетокот на неделава таму руски вакцини Спутник Vпримаат припадници на војската и полицијата, здравствени работници, наставници од прво до трето одделение и воспитувачи во градинките.

Наредната недела следува вакцинацијата на останатите приоритетни групи, односно вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче. 

Досега во земјата, според министерот се вакцинирани преку 18.200 граѓани. 

Во пунктовите во здравствените домови низ земјава. Паралелно тече и вакцинацијата на лица над 77 години со АстраЗенека и како ќе пристигнуваат нови дози, така ќе се спушта и старосната граница за примање на вакцината. 

Филипче најави во македонските медиуми дека во текот на  месецов се очекуваат околу 300 000  нови дози на ковид-вакцини:  200 000 на „Синофарм“ од Кина, околу 11 000 од директниот договор со „Фајзер“, 25 илјади вакцини преку трипартитните договори со земјите членки на ЕУ, нова количина од руските „Спутник“ и останатите дози на „Астра Зенека“ преку Ковакс-системот.

Гледај видео 01:57

Србија: Вакцина за доверба

Тој е задоволен од динамиката на имунизацијата и најави дека вакцинирањето нема да прекине. 

„Сега се вакцинираат 3000-4000 дневно. Нашиот план е меѓу 7000 и 10 000 на ден – седум илјади е оптимална бројка, а 10 000 во максимална оптовареност на системот. Тоа е добра динамика за нашата земја“, рече Филипче, кој апелираше за масовно пријавување за вакцинација.