Фотографија на денот: 11 натпревари, 11 победи | Панорама | DW | 24.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: 11 натпревари, 11 победи

Бајерн Минхен ја круниса извонредната сезона со освојување на Лигата на шампионите. Во финалето во Лисабон тимот предводен од тренерот Ханзи Флик го победи Париз Сен Жермен со 1:0, постигнувајќи историски успех,

Без ниту еден пораз, па дури и нерешен резултат, фудбалерите На Бајерн од Минхен промаршираа низ досега најдолгата и поради пандемијата на коронавирусот во многу аспекти најневообичаената сезона на Лигата на шампионите, 

Бајерн оствари единаесет победи во вкупно 11 натпревари, кои ги одигра во Лигата на шампионите. На ниту еден тим претходно не му успеало тоа. Ретко кога, титулата во најпрестижното клупско натпреварување била толку заслужена како оваа сезона. Пред сè, тоа беше триумф на тимскиот дух во Бајерн Минхен, дури и ако Кингзли Коман со единствениот гол и извонредниот голман Мануел Нојер ги поставија главните акценти во финалето против ПСЖ.