Фотографија на денот: Светско првенство во виндсурф | Панорама | DW | 02.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Светско првенство во виндсурф

На германскиот остров Зулт секоја година се оддржува едно од најголемите натпреварувања во водените спортови- Мерцедес-Бенц Светско првенство во виндсурф.

Едрењето на даска или виндсурф е еден од најатрактивните спортови, а Светското првенство на Зулт ги собира најдобрите виндсурфери на планетата. Годинава од 28 септември до 7 октомври во три дисциплини за титулата светски првак се натпреваруваат 160 професионалци од 35 земји. И по правило од натпреварувањата произлегуваат спектакуларни фотографии. На оваа #ФотографијаНаДенот е „фатен“ скокот на Шпанецот Виктор Фернандез за време на натпреварувањето во јавање на бранови (Вејврајдинг). 

 

Реклама