Фотографија на денот: Прослава на примирјето | Свет | DW | 21.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Прослава на примирјето

На повидок е крај на страдањата на луѓето во Израел и во Појасот Газа: од рано утрината во сила е прекин на огнот, на кој се согласија израелската влада и милитантните Палестинци.

Прекин на огнот меѓу Израел и палестинската екстремистичка организација Хамас сила во Појасот Газа официјално стапи на сила ноќеска во два часот по локално време (еден часот по средноевропско време).

Во Појасот Газа одекнаа истрели од радост, а луѓето излегоа на улиците да слават. Палестинците славеа и на Западниот Брег.

Од израелската страна немаше никакво означување на тревога за испукување на ракети во првите минути по стапувањето во сила на прекинот на огнотн со кој се завршија 11 дена непријателство.

Повеќе:

-Кои се можни посредници во конфликтот на Блискиот Исток?

-Кој е Хамас и кој го поддржува?

-Ердоган долева масло на огнот – го нарекува Израел „терористичка држава“

Кабинетот на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ја соопшти одлуката доцна синоќа по состанокот на потесниот состав на владата задолжен за безбедност.

Во соопштението е наведено дека безбедносниот кабинет на Израел го одобрил предлогот на Египет, но оти двете страни сѐ уште преговараат кога ќе настапи на сила примирјето. Прекинот на огнот стапи во сила само неколку часа по ова соопштение.

Од почетокот на на конфликтот, на 10 мај, израелската војска изврши стотици воздушни напади целејќи ја инфраструктурата на Хамас, вклучувајќи и мрежа на тунели.

Хамас и другите екстремистички организации испукаа над 4.000 ракети на израелските градови, но стотина паднаа на палестинска територија, а поголемиот број од нив беа пресретнати.

Во конфликтот загинаа најмалку 230 Палестинци, вклучувајќи 65 деца и 39 жени, а над 1.700 луѓе се ранети. Во Израел загинаа 12 лица, меѓу кои две деца и еден војник.