Фотографија на денот: Кругови со креда за одржување дистанца | Свет | DW | 19.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Кругови со креда за одржување дистанца

Жителите на Бруклин, во Њујорк, добија помош за уредна посета на паркот „Домино“ во време на корона - кругови нацртани со креда во кои смее да се седи за да се одржува дистанца со соседот.

Во сојузната држава Њујорк со коронавирусот досега се инфицирани повеќе од 350.000 луѓе, а починаа околу 28.000. На територија на САД, според податоци на универзитетот „Џонс Хопкинс“ има 1.486.367 инфицирани лица, односно една третина од вкупниот број регистрирани случаи во светот. Бројот на починати во САД во меѓувреме се зголеми на речиси 90.000. Претседателот Трамп тврди дека во ниту една друга земја не се врши толкаво тестирање како во САД. Критичарите, пак, го обвинуваат дека реагирал предоцна и недоволно на пандемијата.

Реклама