Фотографија на денот: Започна пролетниот дел на Бундеслигата | Панорама | DW | 15.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Започна пролетниот дел на Бундеслигата

По кратката зимска пауза поради претстојниот Мундијал во Русија викендов беше одиграно првото коло од пролетниот дел на фудбалската Бундеслига.

Со оглед на доминацијата на Бајерн Минхен на врвот на табелата, кој и пролетниот дел го започна со победа на гости кај Бајер Леверкузен едно од највозбудливите неизвесности во германската лига е дали екипата на Келн по историски катастрофалниот есенски дел  со само шест освоени бодови ќе и појде од рака да обезбеди опстанок во лигата, кој исто така би нашол место во историските читанки. Првиот чекор е направен со победата во буквално последната секунда во т.н. „Рајнско дерби“ против Борусија  Менхенгладбах. Голот на надеж го постигна напаѓачот-повратник во Келн, Симон Тероде, чие славје е овековечено на оваа #ФотографијаНаДенот

Реклама