Фотографија на денот: Еуфорија по влезот во финалето | Панорама | DW | 11.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Еуфорија по влезот во финалето

„Во финалето сме!“; „Да живее Франција“ - извикуваа еуфоричните француски навивачи вчеравечер во Париз по победата во полуфиналето на СП над Белгија.

Фудбалските фанови едноставно си ја „резервираа“ сами познатата Шанзелизе за да го прослават успехот и влезот во финалето. Се прегрнуваа познати и непознати, се слушна и француската химна. Франција е по трет пат во финалето на едно светско првенство, по 1998 и 2006 година. Во 1998 година успеа да стане и светски првак.