Фотографија на денот: Во САД одобрена вакцината Бионтек/Фајзер за деца од 12 до 15 години | Свет | DW | 11.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Во САД одобрена вакцината Бионтек/Фајзер за деца од 12 до 15 години

Важен чекор во борбата против пандемијата: по Канада, и САД ја одобрија за користење вакцината против Ковид-19 на Бионтек/Фајзер за деца и младинци над 12 години.

Вакцината против коронавирус на германското претпријатие Бионтек и неговиот американски партнер Фајзер во иднина може да се применува и кај старосната група од 12 до 15 години, откако Американската агенција за лекови, ФДА, ја издаде потребната дозвола. Постоечкото одобрение по итна постапка за вакцината за луѓе над 16 години е соодветно променето и проширено, соопшти ФДА. Нејзината директорка Џенет Вудкок истакна дека ова претставува значаен чекор во борбата против пандемијата: „Овој чекор овозможува заштита на помладото население, што нѐводи сѐпоблиску кон чувството на враќање кон нормалност и крај на пандемијата". Вудкок дополни дека родителите можат да бидат сигурни во строгата и темелна проверка на сите расположливи податоци извршена од ФДА пред издавањето на дозволата за вакцината.

Канада уште минатата недела ја одобри вакцината на Бионтек/Фајзер за деца и младинци над 12 години. Моментно и во Европската агенција за лекови, ЕМА, се врши проверка на вакцината за оваа старосна група, одлуката се очекува кон средината на јуни, но може да биде донесена и на крајот на мај, како што изјави шефицата Емер Кук.

Според производителите на вакцината, клиничка студија во старосната група од 12 до 15 години во САД покажала ефикасност на препаратот од 100 проценти, како и добра подносливост од вакцинираните. Нуспојавите, според резултатите, се соодветни на оние кои се појавуваат и кај старосната група од 16 до 25 години. 

Поврзана содржина