Фотографија на денот: Во надеж да се премине границата на САД | Свет | DW | 26.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Во надеж да се премине границата на САД

Во Мексико, на границата кон САД, илјадници очајни луѓе чекаат во надеж да ги преминат пресудните стотина метри за влез во „ветената земја“.

Роса Вила има 30 години, нејзиниот син Естебан - само пет месеци. Младата мајка побегнала од насилството и сиромаштијата во нејзината татковина Хондурас. Но, сонот за подобра иднина во САД се чини дека тешко ќе се оствари, границата се испречува како непремостлива бариера.

 

Реклама