Урсула фон дер Лајен ја има минато „школата на Меркел“ | Информации и анализи за Германија | DW | 04.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Урсула фон дер Лајен ја има минато „школата на Меркел“

ЕУ е игра, која трае три самити и на крајот победник е Меркел? Не. Но, за Брисел, Берлин важи за добра школа. Урсула фон дер Лајен ја има поминато, смета Максимилијане Кошик.

Звук на кршење, срчи, можеби неколку посекотини. Не е убава глетка кога жена крши табуа. Куп срчи, неколку гребаници и ништо повеќе не остана од метафората, ден откако Урсула фон дер Лајен беше номинирана како прва жена за претседател на Европската комисија. Беше протната како компромисен кандидат, наспроти дилемите дали е воопшто способна да ја извршува работата. Но, ништо поразлична не беше ни позицијата на Меркел во 2005та година кога на легендарната изборна ноќ поранешен канцелар замоли да се остане реален: Ангела Меркел како канцелар? Невозможно! Но, сепак се случи. Жена, Германска, но да се номинира некој кој не бил од кругот на врвните кандидати на европските избори? Невозможно, недемократски, неверојатно да наиде на успех во Европскиот парламент. Сепак тоа се случи. Фон дер Лајен беше најмалиот заеднички именител на лидерите од земјите на ЕУ.

Тоа што успеало во Берлин, функционира и во Брисел

Да се посредува на прагматичен начин меѓу два екстрема, тоа е главната задача на ЕУ. Ниту една друга не се движи толку сигурно во целовечерните преговори во централата на Советот на Европа како канцеларката Меркел. Тоа што функционира во Берлин, често е добро и за Брисел. Да ја изедначат Германија со ЕУ, нема да се осмели никој во Европа. Но, сличностите се запрепастувачки.

Повеќе:

-Која е Урсула фон дер Лајен?

-Кулоарски договор во ЕУ - победа на Ангела Меркел

 

DW Sendung Quadriga 13.06.2019 (DW)

Максимилијане Кошик, авторка на коментарот


Политички релјеф, кој е либерално-конзервативен и зелен на запад, а на исток пак во подем се националисти со критички став кон ЕУ. Со парламент во кој народните партии се се послаби, а деснопопулистите, Зелените и Либералите стануваат се посилни и дебатите со тоа поплуралистички. Берлин и Брисел се поделени околу тоа како да се менаџираат миграцијата, климатската криза и растечките тензии меѓу Кина и САД. Германија негува пацифистичка традиција, но со сенс за реалноста и растечката агресија на Русија на истокот на Европа. Слични дебати води и НАТО во Брисел.

Фон дер Лајен веќе 14 години е дел од кабинетот на Меркел

Ниту една тема во Брисел не била дебатирана на сличен начин во кабинетот на Меркел. Урсула фон дер Лајен е единствена која е од почеток составен дел од кабинетот, последно на функцијата министер за одбрана на Германија. Место кое важи за катапулт во германската политика. Но, Фон дер Лајен докажа дека може да бие битки со Бундесверот кој е под нејзината команда околу традицијата и политичките ставови во една армија во демократска Германија, како и да тера психолошка војна со САД околу буџетот за НАТО. Таа покрај тоа се претстави и на военото раководство на Кина, како и во сите безбедноснополитички форуми. Тоа и успева само на Европејка по убедување и со визии потхранети со демократски принципи. Таа е научник, под влијание на христијанската вера и на историјата и научила со трпение, прагматичност и преговарачки способности да напредува покрај мажите од естаблишментот. Со оглед на тоа дека Анегрет Крамп – Каренбауер беше избрана по желба на Меркел за нејзина наследничка, Брисел за Фон дер Лајен е логичен чекор. Тука таа може да излезе од сенката на Меркел - со други зборови ученикот да го надмине учителот. Таа ги научни најважните работи од Ангела Меркел. И тоа дека на гребнатинките треба си залепи само фластер и да продолжи понатаму. И да вдише длабоко. Бидејќи воздухот и во Брисел таму горе е редок.

DW.COM

Реклама