Ураганот „Ирма“ зема залет | Панорама | DW | 05.09.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Ураганот „Ирма“ зема залет

Ураганот „Ирма“ се засилува. Националниот центар на САД за урaгани го класифицираше во петта, екстремно опасна категорија на скалата за урагани, посилен од ураганот „Харви“ од крајот на август.

Ветриштата со кои е проследен ураганот „Ирма“ достигнаа до 220 километри на час. Се очекува во наредните 48 часа тие да се засилат и да донесат обилни врнежи од дожд. „Ирма“ вчера се движеше кон Карибик, а до утре може да стигне до делови од Малите Антили, каде два прекуморски француски острови веќе се подготвуваат за невремето. На својот пат ураганот ги загрозува и Порторико, Доминиканската Република, Хаити и Бахамските Острови. Тамошните надлежни служби го повикаа населението да преземе превентивни мерки за заштита. Не е исклучена можноста „Ирма“ да се сврти кон американското копно. Гувернерот на Флорида, Рик Скот, веќе прогласи вонредна состојба во повеќе региони од сојузната држава.

САД уште страдаат од последиците на ураганот „Харви“, кој на 25 август го погоди брегот на Тексас и предизвика поплави на големи површини, а загинаа најмалку 50 лица. 

 

DW.COM

Реклама