„Турско-американските односи на критична точка“ | Свет | DW | 12.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Турско-американските односи на критична точка“

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу смета дека односите со САД се на загрижувачко ниво. Главна спорна тема меѓу двете земји е односот кон сириските Курди.

„Нашите односи или ќе бидат поправени или комплетно уништени“, изјави шефот на турската дипломатија во Истанбул пред претстојната посета на американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон на Анкара оваа недела. Главна тема на разговорите меѓу двајцата министри ќе биде односот на двете земји кон  сириските Курди.

Türkei Sondergipfel der Organisation für Islamische Kooperation (OIC) (Reuters/A.H. Yaman)

Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу им префрла за грешки на САД

САД ги поддржуваат курдските народни единици ИПГ во северна Сирија во борбата против џихадистичката милиција Исламска држава со оружје, војници и воена обука. Турција, напротив, во ИПГ, поради тесните врски со забранетата Работничка партија на Курдистан, ПКК, гледа терористичка организација. Од таа причина Анкара инсистира на запирање на американската воена помош за ИПГ.

Повеќе на темата: 

Турска инвазија во Сирија: Напад врз најсилното оружје против ИД

Слободниот пад на „Слободната сириска армија“

Во јануари турската армија стартуваше широка офанзива против курдските единици во регионот Африн. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во повеќе наврати се закани со воен напад и врз градот Манбиџ, контролиран од ИПГ, како и врз други области источно од Еуфрат. Но, за разлика од Африн, во тие области се стационирани и американски војници во функција на инструктори и поддршка на ИПГ, со што се заканува директна конфронтација на НАТО-партнерите.  

Чавушоглу ги повика САД „да ги преземат неопходните активности во Манбиџ“ и да ги повлечат трупите. Тој го обвини Вашингтон за „сериозни грешки“, а на средбата со Тилерсон ќе биде направен обид за „повторно воспоставување меѓусебна доверба“. Турција има „јасни очекувања“ од САД, кои постојано ги пренесува до спротивната страна. „Не сакаме веќе ветувања, туку конкретни чекори“, изјави Чавушоглу.

    

     

     

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама