1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Belgien l Europaparlament befragt Ersatzkandidaten für von der Leyens EU-Kommission - Oliver Varhelyi
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Thys

Вархеји ја повика опозицијата да не го блокира патот кон ЕУ

ДТЗ
19 јули 2022

„Уставни измени ќе мора да се случат“, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји во Брисел, по најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржи уставни измени, со кои Бугарите треба да влезат во Уставот.

https://www.dw.com/mk/%D1%82%D1%80%D0%BD%D0%BB%D0%B8%D0%B2-%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D0%B4%D0%BE-%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B5%D1%98%D0%B8-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%BD%D0%B5-%D1%98%D0%B0-%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0/a-62523916

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на прес-конференција по првата Меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ испрати поракадо македонската опозиција да работи за иднината на земјата и да покаже дека е посветена на што поскоро зачленување на земјата во ЕУ. „Уставни измени ќе мора да се случат“, порача Вархеји, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржи уставни измени, со кои Бугарите треба да влезат во Уставот. Откако земјата денеска го изоде првиот важен чекор со започнувањето на пристапните преговори, промената на Уставот е вториот важен чекор кој претстои како предизвик пред македонското Собрание. За овие измени е потребно двотретинско мнозинство во парламентот. 

„Постои јасна посветеност, не само од Владата, туку и од Собранието. Токму поради тоа кажав дека ова е најдемократскиот начин да се добие мандат за Владата. Затоа што, уредувањето на францускиот предлог вклучува и дел од компетенциите на Собранието. Затоа беше важно да се слушне Собранието и тоа јасно покажа дека сте подготвени за вакво нешто“, рече Вархеји.

Belgien EU l EU eröffnet Beitrittsverfahren mit Nordmazedonien in Brüssel
Во Брисел се одржа првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУФотографија: Government of North Macedonia

Тој изрази надеж дека и опозициските партии ќе дадат поддршка за европска иднина на земјата. „Искрено се надевам дека сите партии, вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина, дека нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја однесат земјата напред. Ги читав изјавите на опозицијата, тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство на земјата во ЕУ. Ајде да го докажеме тоа“, рече Вархеји.

Одговорноста е на опозицијата

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека одговорност е на пратениците на опозицијата да се вклучат во дебатата, кога е во прашање измената на Уставот, што е услов за да се одржи втората Меѓувладина конференција.

„Одговорност е на пратениците од опозицијата да учествуваат во оваа дебата и понатаму. Ќе има многу чекори понатаму до финалното зачленување во ЕУ. Собранието е место каде ќе треба да биде донесен и вториот, третиот, четвртиот чекор до финалното зачленување. Одговорност на секој политичар е да мисли на иднината на државата, а не само на својот личен рејтинг“, порача Ковачевски на прес-конференцијата во Брисел.

Belgien EU l EU eröffnet Beitrittsverfahren mit Nordmazedonien in Brüssel
Македонската делегација на состанокот со ЕУ во БриселФотографија: Government of North Macedonia

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го повтори својот став дека нема да дозволи промена на Уставоти „целосна бугаризација на државата“. „Власта нема 2/3 и нема да има. Преговарачката рамка мора да се смени. Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот?“, велат од партијата. 

Пратениците на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе потпишаа нотарски изјави, во кои се обврзуваат дека „никогаш нема да гласаат да се промени македонскиот Устав, ниту ќе поддржат каква било иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава“.

Според лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, „пратениците во овој момент практично претставуваат чувари на Уставот, при што јавно се обврзаа да бидат гаранцијата дека ќе нема промена на Уставот и легитимирање на процесот на асимилација и бугаризација, кој го прифати и договори Владата“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Во македонскиот парламент нема потребно мнозинство за уставни измени

Прво избори, па уставни измени?

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница