„Треба да се подготвиме за американско-иранска војна“ | Свет | DW | 14.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Треба да се подготвиме за американско-иранска војна“

Доколку продолжи ескалацијата во Персискиот Залив, ќе дојде до војна помеѓу Иран и САД, смета експертот за Блискиот Исток, Гидо Штајнберг. Во интервју за ДВ тој предупредува од проширување на конфликтот веќе во јули.

ДВ: САД сметаат дека за ескалацијата е одговорен само Иран. Што мислите Вие околу ова?

Гидо Штајнберг: Аргументацијата на САД сѐ уште не ми делува уверливо, но уверливо ми е совпаѓањето. Но, ова е типично однесување за Иран - на САД да им се демонстрира сопствената способност за мешање во протокот на нафта во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец. Истовремено, не напаѓаат директно. Да, мислам дека има јасни знаци за тоа дека Иранците се за тоа одговорни.

Флотата на американската морнарица е во регионот во моментов. Со оглед на заострените тензии помеѓу Иран и САД - до што, според Вас, сето ова ќе доведе?

Сѐ уште не знам. Зашто, по последната ескалација месецов, стравот од воена ескалација насекаде е голем. Имаше блага деескалација откако американскиот претседател Трамп рече дека лично не е заинтересиран за такво нешто. Неговите советници Помпео и Болтон, наспроти тоа, би можеле да бидат заинтересирани за воена ескалација.

YPG Syrien Guido Steinberg
( DW/M. Aqil
)

Гидо Штајнберг од Фондацијата Наука и Политика во Берлин е дел од истражувачката група за Блискиот и Средниот Исток и Африка

Тој не е. Затоа сметам дека опасноста не е толку конкретна колку што можеби беше пред шест недели. Но, сепак постои поради иранските Револуционерни гарди, кои сметам дека се одговорни, дека видливо ескалираат. Овие напади се многу посериозни од нападите пред четири недели затоа што тие се под постојан американски притисок и поради својот менталитет и светоглед морат да покажат дека нема да попуштат пред притисокот. Тоа се најрадикалните елементи на иранската воена елита и 15 години се борат против Израелците, Саудијците и другите сили во регионот. И, едноставно сакаат да покажат дека се тука. Доколку САД, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати сакаат да ги нападнат, тие ќе го сопрат транспортот на нафта преку Ормускиот Теснец. Тоа е јасната порака од овие настани.

Колку е чувствителен овој дел, низ кој поминува една третина од светската нафта?

Тој едноставно е најенергетскиот регион на планетата, каде се наоѓаат некои од најголемите производители на нафта во Персискиот Залив, меѓу нив и Саудиска Арабија, Кувајт, Катар како извозник на гас. И, Ормуз е прилично, прилично тесен. Иранците можат со помош на морски мини и мали торпеда и слични нешта да го прекинат патот на многу бродови кои поминуваат оттука. Затоа овие случувања се толку опасни. Доколку работите породолжат како во последниве два месеца, ќе бидеме сведоци на воена ескалација пред крајот на мандатот на владата на Трамп.

Треба ли да бидеме подготвени на такво нешто, на воен конфликт помеѓу Иран и САД?

Да, би требало. Тоа би можело да почне и поради случајност, зашто такви нешта се случуваат во Оманскиот Залив, или Персискиот Залив, или Ормускиот Теснец. Но, има и нешто друго. Иранците им дадоа ултиматум на Европејците. Доколку Европејците не им дадат можности за подобрување на нивната економска ситуација, тие ќе почнат повторно со облагородување ураниум по 7 јули, а во таков случај во игра би ја имале не само американската морнарица, туку и израелската авијација.

DW.COM

Реклама