Трамп сака да изнуди отворање на црквите | Свет | DW | 23.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп сака да изнуди отворање на црквите

„Во Америка ни требаат повеќе молитви, а не помалку“: Американскиот претседател побара од гувернерите на сојузните држави веднаш да ги отворат верските објекти и покрај пандемијата на коронавирусот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика денеска гувернерите на американските сојузни држави „веднаш“ да одобрат повторно отворање на местата за молитва и покрај корона-кризата и се закани дека самиот ќе го стори тоа доколку не го послушаат. „Денеска сметам дека верските објекти како што се црквите, синагогите и џамиите се неопходни места кои пружаат неопходни услуги“, изјави Трамп на конференцијата за новинарите во Белата куќа.

Претседателот нема соодветни овластувања

„Ги повикувам гувернерите да дозволат нашите цркви и молитвени места веднаш да се отворат. Доколку не го сторат тоа јас ќе делувам наместо гувернерите“, изјави Трамп, но не прецизираше како би го сторил тоа.

Имено федералниот систем во Соединетите Американски Држави не му дава на претседателот, туку им дава на државните гувернери право да преземат заштитни мерки во случај на пандемија.

Повеќе:

-Религијата во доба на коронавирус

-Коронавирусот и религијата

-Рамазан во време на корона

Затоа е нејасно како Трамп има намера да го спроведе ветувањето  и да ги „прескокне“ надлежните гувернери во државите.

„Некои гувернери одредија дека продавниците за алкохол и клиниките за абортус дека се неопходни, но ги заборавија црквите и другите верски објекти. Тоа е грешка“, рече Трамп, кој е многу популарен меѓу конзервативните евангелисти.

1,6 милиони регистрирани случаи на Ковид-19

Трамп во обраќањето пред новинарите рече оти ја исправа таа неправда и ги прогласува верските места за неопходни и додаде дека на негово барање Ценатрот за превенција и контрола на болести ќе издаде здравствени препораки за посета на овие места. „Во Америка ни се потребни повеќе молитви, не помалку“, изјави Трамп и ја напушти конференцијата за новинари без да одговара на прашања.

Во САД во последните 24 часа од коронавирусот починаа 1.260 лица, соопшти универзитетот Џонс Хопкинс и додаде дека вкупниот број на починати лица е 95.921, додека заразни се 1,6 милиони луѓе. И покрај големиот број заразени, многу американски сојузни држави почнаа постепено да ги ублажуваат мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот. Меѓутоа, во некои држави и натаму се на забрана собирања.

 

Реклама