Трамп не оди во Данска ако не му го даваат Гренланд | Свет | DW | 21.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп не оди во Данска ако не му го даваат Гренланд

Американскиот претседател ја одложи планираната посета на Данска, откако дански претставници го отфрлија неговото барање да го купи островот Гренланд.

Одлуката на Трамп потврдува колку бил заинтересиран за купување на Гренланд, идеја која првично беше отфрлена и исмеана од многумина, но за која подоцна Белата Куќа инсистираше дека била сериозна.
„Со оглед на коментарите на премиерот Мете Фредриксен, дека нема интерес да дискутира продажба на Гренланд, ќе ја откажам посетата планирана за две недели за друго време“, твитна Трамп. 

При посетата на Гренланд во неделата, Фредериксен ја нарече идејата на Трамп „апсурдна“.
„Премиерот заштеди многу пари и напор и за САД и за Данска со тоа што беше толку директна. И благодарам за тоа и се надевам дека ќе презакажеме некогаш во иднина!“, твитна Трамп. 
Претходно, американскиот претседател се шегуваше и дека нема од Гренланд да направи Лас Вегас постирајќи фотографија од својот хотел во американскиот град. 


Изјавите за намерата на Трамп предизвикаа бура од реакции во Данска.
„Реалноста ја надминува имагинацијата... овој човек е непредвидлив“, изјави Мортен Остергард од Социјално либералната партија, која е дел од владејачката коалиција.
„Без причина Трамп претпоставува дека автономен дел од нашата земја е на продажба. Потоа навредливо ја откажува посетата за која сите се подготвуваа“, твитна Расмус Јарлов, член на опозициската Конзервативна партија.
„Дали се на продажба делови на САД? Алјаска? Ве молам покажете малку почит“.

Данска го колонизираше островот во 18 век. На Гренланд живеат околу 57 илјади луѓе, повеќето од домородната Инуитска заедница.

DW.COM

Реклама