Трамп е бесен на Шведска | Свет | DW | 26.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп е бесен на Шведска

Американскиот претседател остро ја критикуваше шведската влада, земајќи го во заштита раперот АСАП Роки, кој се наоѓа во притвор во Шведска и наскоро ќе се најде пред суд.

Доналд Трамп твиташе дека е „длабоко разочаран“ од шведскиот премиер Стефан Лофвен. „Шведска ја остави на цедило нашата афроамериканска заедница во  САД“,  дополни американскиот претседател.

САД би направиле толку многу за Шведска, но очигледно сега тоа не е случај, истакна Трамп, барајќи „слобода“ за американскиот рапер АСАП Роки. Тој се заложи за тоа американските граѓани да имаат фер третман, повикувајќи ја Шведска да се се погрижи и да се концентрира на своите „вистински проблеми со криминалот".

USA ASAP Rocky (picture-alliance/dpa/L. Gillieron)

Раперот АСАП Роки е обвинет за нанесување телесна повреда

Шведското обвинителство вчера подигна обвинение против 30-годишниот музичар поради нанесување телесна повреда. Судската постапка треба да почне уште идната недела, ксоопшти општинскиот суд во Стокхолм. Раперот, чие име е Раким Мајерс, бил уапсен по настап на стокхолмскиот „Смаш“ фестивал. Неколку дена претходно тој среде улица претепал еден маж, а тепачката е документирана на видео снимка.

Трамп вели дека го видел видеото од инцидентот, но според него, АСАП Роки бил „следен и малтретиран од нарушувачи на јавниот ред“. Во телефонски разговор со шведскиот премиер, Трамп понудил гаранција за раперот во форма на кауција или друга алтернатива. Шведскиот премиер Лофвен се повикал на независноста на судството во својата земја и го отфрлил предлогот на американскиот претседател.

 

DW.COM

Реклама