Трамп е бесен на Иран | Свет | DW | 23.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трамп е бесен на Иран

Ескалација на вербалната војна: Трамп со контразакани до иранскиот претседател Рохани - „никогаш повеќе да не им се заканувате на САД“.

Американскиот претседател Доналд Трамп на воинствен начин го предупреди иранскиот претседател Хасан Рохани: „Никогаш не им се заканувајте на САД, зашто ќе се соочите со такви последици какви што малку сте почувствувале во историјата“, напиша Трамп ноќеска на Твитер. „Ние веќе не сме земја која ќе ги прифаќа вашите лудачки зборови за насилство и смрт. Бидете внимателни“, дополни Трамп.

Твитот на Трамп започнува со зборовите: „До иранскиот претседател Рохани“. Целиот натамошен текст американскиот претседател го напиша со големи букви. Тоа е одговор на изјавата на Рохани од претходниот ден, во која тој им се заканува на САД. Користејќи иранска поговорка, Рохани порача: „Америка треба да знае дека војна со Иран би била мајка на сите војни. Господине Трамп, не играјте си со опашката на лавот“.

Американскиот претседател во мај најави повлекување на САД од Нуклеарниот договор со Иран и до ноември повторно активирање во полн обем на санкциите против иранските финансиски институции и енергетскиот сектор. Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео во говор во Лос Анџелес инсистираше на вршење глобален економски притисок врз Техеран. Истовремено, тој ги фалеше антивладините протести во Иран започнати во декември, критикувајќи ја политиката на Иран во регионот како дестабилизирачка. Европејците пак од своја страна се обидуваат да го одржат во живот Нуклеарниот договор со Иран.

Повеќе: 

Американците прават грешка со новите санкции против Иран?

ЕУ сака да се бори за договорот со Иран

Помпео во Лос Анџелес изрече и лични навреди - претседателот Рохани и шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф се само „полирани фронтмени за меѓународна измама користени од страна на лицемерните ајатоласи, кои се позаинтересирани за богатство отколку за религијата“. Во прилично недипломатски стил, Помпео додаде дека иранското раководство профитира од корупција, проневера и останати нелегални бизниси.

Тој најави дека американската влада ќе стартува ТВ и радио станица, чија програма ќе може да се следи и преку интернет, а на Иранците ќе им помогне да ја заобиколуваат интернет-цензурата. Според американски владини претставници, владата во Вашингтон започнала комуникациска офанзива и се обидува преку говори и онлајн-прилози да разгорува немири во Иран. 

 

DW.COM

Реклама