Тереза Меј се повлекува на 7 јуни | Свет | DW | 24.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Тереза Меј се повлекува на 7 јуни

Британската премиерка Тереза Меј денеска најави дека ќе се повлече од функциите на 7 јуни годинава. Меј беше под голем притисок во сопствената партија да отвори простор за нов лидер кој ќе го реализира Брегзит

Со треперлив глас, Тереза Меј денеска го најави она што веќе долго време беше јасно. Се повлекува од челната позицијата во британската Конзервативна партија за точно две недели- на 7 јуни, а потоа и од и од премиерската функција. 

По бројни кризи и понижувања кои ги доживеа поради излегувањето на Велика Британија од ЕУ, Меј остава простор за наследник кој ќе треба да донесе појасна слика за иднината на островот.

Во нејзината партија веќе започна трката за наследник. Како главен кандидат се споменува поранешниот градоначалник на Лондон и министер за надворешни работи Борис Џонсон, иако отпорот против него во либералното крило на партијата е голем.

„Јасно ми е дека е во најдобар интерес на земјата нов премиер да го предводи обидот (за Брегзит, н.з.). Затоа најавувам дека ќе поднесам оставка како лидер на Конзервативната партија на 7 јуни“, рече Меј.
Таа ќе остане да ја предводи владата до изборот на нов партиски лидер.
Тереза Меј беше избрана за премиер во јули 2016 година, а нејзиното владеење ќе остане запаметено по неуспешните обиди да се организира излез од ЕУ.

 

DW.COM

Реклама