Тензии во Тунис: Претседателот Сајед го отпушти премиерот и го суспендираше парламентот | Свет | DW | 26.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Тензии во Тунис: Претседателот Сајед го отпушти премиерот и го суспендираше парламентот

Политичката криза во Тунис се продлабочува. Претседателот на земјата го отпушти премиерот и го суспендираше парламентот. Владејачката партија Енахда зборува за „државен пуч“.

Tunis, Tunesien | Anti-Regierungsproteste

Претседателот Каис Сајед најавува дека заедно со новиот премиер на Тунис ќе ги преземе задачите на владата

Повод за изненадувачката одлука на тунискиот претседател Каис Сајед за смена на премиерот Хишем Мешиши и суспензија на парламентот се масовните протести против политиката на владата во пандемијата, како и нејзината економска политика. Сајед, по средба со претставници на армијата и на безбедносните институции, најави дека заедно со новиот премиер ќе ги преземе владините задачи. Претседателот соопшти дека активностите на парламентот ќе бидат суспендирани, а ќе биде укинат и имунитетот на некои пратеници.

„Работиме во правните рамки“, рече Сајед и се закани со вклучување на армијата доколку дојде до насилен протест.

Борбата за превласт помеѓу Сајед, Мешиши и парламентот се одвива со месеци. Исламско-конзервативната партија Енахда, која е најсилна во Тунис, зборува за „државен пуч“. „Она што го прави Сајед е пуч, тоа е против револуцијата и е противуставно“, соопшти партијата на својата Фејсбук-страница. Партијата најавува дека заедно со тунискиот народ ќе ја брани револуцијата.

Во главниот град на Тунис приврзаниците на Сајед со свирки од автомобили ја поздравија одлуката на претседателот на земјата.

Tunesien Krise - Proteste vor dem Parlament

Безбедносните сили презедоа безбедносни мерки околу зградата на парламентот пред која почнаа да се собираат поддржувачи и противници на претседателот Сајед

Пред одлуката на Сајед во земјата имаше насилни протести. Демонстрантите бараа оставка на владата, распуштање на парламентот и нови избори. Во неделата во главниот град дојде до судири помеѓу демонстрантите и полицијата. Безбедносните сили употребија солзавец. Демонстрантите ги нападнаа канцелариите на партијата Енахда.

Незадоволството на демонстрантите е насочено против актуелната политика на владата. Земјата се бори со економска криза и тешко се справува со пандемијата на коронавирус. Тунис е земја во Африка која е во групата држави со најголем број инфицирани. Поради тоа се воведуваат локдауни и други рестрикции. Вакцинацијата на населението оди бавно.