Твитер блокира германска политичарка од АфД | Свет | DW | 02.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Твитер блокира германска политичарка од АфД

Твитер привремено го блокира профилот на Беатрикс фон Шторх, заменик-претседател на пратеничката група на АфД во Бундестагот, на пријава на келнската полиција поради подбуцнување на народот.

Твитер привремено го блокираше профилот на заменичката-претседател на пратеничката група на АфД во Бундестагот, Беатрикс фон Шторх, што предизвика револт во десничарската партија. Фон Шторш на Твитер реагираше на твитот на келнската полиција, повеќејазична новогодишна честитка, меѓу другото објавена и на арапски јазик. „Што по ѓаволите се случува во оваа земја? Зошто официјална полициска интернет-страница од Северна Рајна Вестфалија твита на арапски. Мислите ли на ваков начин да ги потсмирите варварските муслимански групносилувачки машки хорди?“ , напиша Фон Шторх.

Твитер привремено, на 12 часа, го исклучи профилот на Фон Шторх, укажувајќи на правилата кои важат против содржини со говор на омраза, а твитот денеска веќе не може да се прочита. Беатрикс фон Шторх меѓутоа објави скриншорт од твитот на Фејсбук, каде шефицата на пратеничката група на АфД, Алис Вајдел напиша: „Годината започнува со цензура и покорување на нашите служби на увезениот џган од пропаднати тепачи со ножеви, насилници и мигранти кои напаѓаат жени, на кој изгледа би требало да се навикнеме. Германската полиција во меѓувреме комуницира на арапски, иако службен јазик во нашата земја е германскиот.“

Келнската полиција поднесе пријава против Беатрикс фон Шторх поради сомневање за делото „подбуцнување на народот“, соопшти полициска портпаролка за порталот "faz.net".

Реклама