Столтенберг: Полноправно членство во НАТО само по успешен референдум | Северна Македонија | DW | 25.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Столтенберг: Полноправно членство во НАТО само по успешен референдум

Македонија ќе добие официјална покана за НАТО дури по целосна ратификација на договорот за спорот за името со Грција, што значи и успешен референдум, истакна генералниот секретар на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави денеска оти очекува лидерите на членките на Алијансата на самитот наредниот месец да одлучат за официјален почеток на преговорите за членство на Македонија во овој воен сојуз.

„Очекувам и се надевам оти лидерите на НАТО самитот ќе одлучат за започнат пристапни преговори", изјави Столтенберг по пристигнувањето на заедничкиот состанок на министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на ЕУ во Луксембург. Лидерите на членките на НАТО ќе се сретнат на самит во Брисел на 11 и на 12 јули.

Повеќе:

-Македонски круг со креда

-Последна шанса за Македонија

-НАТО и ЕУ го поздравија договорот на Скопје и Атина

Тој истакна дека договорот за завршување на повеќедеценискиот спор за името Македонија кој го постигнаа Скопје и Атина е „историски договор, кој му пружа историска можност на Скопје“ да ѝ се приклучи на Алијансата. Но тоа, според него ќе се случи дури по финализирањето на договорот, што значи целосна негова ратификација и успешен референдум во Македонија.

Доколку договорот не го пројде референдумот, Столтенберг, како што рече не гледа како ќе биде можно Македонија да добие покана за НАТО.   

 

DW.COM

Реклама