Стејт департмент: Иванов да ја преиспита одлуката | Северна Македонија | DW | 13.04.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Стејт департмент: Иванов да ја преиспита одлуката

САД вечерва уште еднаш, преку Стејт департментот го повикаа македонскиот претседател да ја преиспита одлуката за амнестија и да му дозволи на СЈО да продолжи со работа. Одлуката ги загрозува демократските вредности

САД се длабоко загрижени по објавата на македонскиот претседател Иванов да ги амнестира лицата кои се под истрага во врска со скандалот со прислушкување.
„Доколку биде имплементирана, оваа одлука ќе ги заштити корумпираните функционери и ќе им ја одземе правдата на македонските граѓани. Одлуката натамошно ќе го загрози владеењето на правото во Македонија, интегритетот на правосудните институции и кредибилитетот на посветеноста на нејзините лидери кон фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ“, се наведува во изјавата на портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.
„Како пријател на Македонија, САД силно го повикуваат претседателот да Иванов да ја преиспита својата одлука и да му дозволи на Специјалното јавно обвинителство- формирано во рамките на Договорот од Пржино- да ги истражи сериозните наводи за злоупотреби од страна на владата, и да им дозволи на судовите да си ја завршат својата работа“.
САД ги повикуваат владата и партиите да продолжат да работат на реформите кои ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот на веродостојни избори и на евро-атлантската интеграција.

Претходно со критика за постапката на Иванов реагираше и американската амбасада во Скопје.

Реклама