Избори во Германија: СПД се радува - и мора да чека | Информации и анализи за Германија | DW | 28.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Избори во Германија: СПД се радува - и мора да чека

Социјалдемократите победија на изборите во Германија, но сега не се во удобна позиција. Од Зелените и Либералите зависи дали Олаф Шолц ќе биде наредниот канцелар. Како СПД се справува со тоа?

Победи на изборите, но сѐ уште му претстои постизборна битка за канцеларската функција: социјалдемократот Олаф Шолц

Победи на изборите, но сѐ уште му претстои постизборна битка за канцеларската функција: социјалдемократот Олаф Шолц

Прашањето требаше да испровоцира: Дали е прифатливо СПД како најсилна партија на изборите да мора да гледа и да чека за да види за кој коалициски партнер ќе се одлучат Зелените и Либералите (ФДП), беше прашана претседателката на СПД Заскија Ескен на телевизиска емисија утрото по гласањето. СПД победи на изборите, но поразените партии на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) со нивниот канцеларски кандидат Армин Лашет би можеле и би сакале да владеат во коалиција со двете помали партии.

И провокацијата успеа. Ескен реагираше раздразливо, дури иако својот одговор го даде со насмевка. Таа смета дека е „неверојатно како може да се дојде до идеја да се избере таков јасен губитник за канцелар“,  а потоа нагласи дека СПД не ја набљудува немо ситуацијата, туку веќе договара состаноци со Зелените и со ФДП.

Infografik BTW21 Wahlergebnis MK 0502

Привлекување, не притискање

Неколку часа подоцна, по состанокот на президиумот на СПД, канцеларскиот кандидат на партијата Олаф Шолц звучеше многу повнимателно. „Најнапред целосно е во ред ако тие со кои сакаме да соработуваме исто така зборуваат едни со други“, изјави тој во Берлин. И на Шолц не може да му се допадне тоа што СПД засега е закочен. Но, 63-годишниот политичар наоѓа други начини да ги потеннцира своите канцеларски амбиции.

Според Шолц, резултатот од изборите беше мандат за „обид за формирање влада“, сугерирајќи дека евентуална владина коалиција без СПД би била непочитување на волјата на гласачите. Потоа тој почна со привлекување на Зелените и ФДП. Како и СПД, според Шолц, и тие се победници на изборите и секој од нив има своја „приказна за напредок кон модерно општество“. „Ако трите партии, со визија за напредок, се здружат и конструктивно соработуваат, тогаш тоа може да биде добро, дури и ако имаат различни појдовни точки“, изјави Шолц.

Аналена Бербок од Зелените, Олаф Шолц од СПД и Кристијан Линднер од ФДП

Аналена Бербок од Зелените, Олаф Шолц од СПД и Кристијан Линднер од ФДП

Владеење со пријатели

СПД е подготвена. Шест врвни партиски политичари, меѓу нив, се разбира и Шолц, треба да разговараат со Зелените и ФДП. Да се ​​формира социјално-еколошко-либерална коалиција е задачата што сега ни претстои, рече Шолц, упатувајќи притоа на  историјата, кога од 1969 го 1982 година имаше „многу успешна социјално-либерална коалиција од 1969 до 1982 година“ а од 1998 до 2005 година „многу добар период на владеење заедно со Зелените “. „Има добри традиции на кои можеме да се вратиме“, рече Шолц.

Дали е тоа доволно за да се убедат Зелените и Либералите и да се отстранат сомнежите за формирање на таканаречена „семафор“ владина коалиција? Особено што допрва треба да се види како СПД би се позиционирала во коалициските преговори. Какви отстапки би сакале да направат социјалдемократите, каде би биле нивните црвени линии? Засега нема одговори на овие прашања. „Мислам дека не треба сега да разговараме за поединечни точки“, вели Шолц. СПД ќе го направи тоа „со пријателите со кои сакаме да владееме“, рече Шолц, укажувајќи на значењето на меѓусебната доверба. 

Што прави левичарската струја во СПД?

Шолц се потпира на довербата и во сопствената партија. Единството демонстрирано во изборната кампања, според него, треба да продолжи и во иднина. Сепак, сомнежи и натаму постојат, особено кога е во прашање левичарската струја во партијата, која долго работеше на значително политичко поместување на СПД кон лево. Развој што кулминираше во 2019 година, кога левичарски настроеното дуо Ескен/Валтер-Борјанс победи во борбата за претседателската функција во СПД против Олаф Шолц.

Таа победа беше остварена пред сѐ благодарение на влијателниот претседател на младите социјалдемократи (Јусо), Кевин Кинерт. Тој, во меѓувреме, е потпретседател на СПД и за време на изборната кампања беше еден од поддржувачите на левичарска владина коалиција со Зелените и Партијата на Левицата. Според резултатите од изборите, таква коалиција не е математички возможна. Кинерт жали за ова, исто како и за бројните млади социјалдемократи, кои ќе седнат со него во новоизбраната пратеничка група на СПД во Бундестагот. При една „семафор“ владина коалиција, ова левичарско крило на СПД би можело да биде силна контратежа на граѓанско-либералните позиции, во прв ред на ФДП. Дали Олаф Шолц ќе може да го урамнотежи тоа или пак СПД повторно ќе влезе во традиционалните внатрепартиски борби?

Олаф Шолц, смета, дека СПД, извлекла поуки од своите грешки: „СПД научи дека сме успешни кога настапуваме единствено. Ова искуство нема никогаш да го заборави“, рече Шолц уште за време на изборната кампања.