1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
 Teodora Genchovska
Фотографија: Georgi Paleykov/NurPhoto/picture alliance

Бугарска нота до Скопје поради слоганите на протестите

ДТЗ
12 јули 2022

Шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска е загрижена што на протестите имало многубројни слогани и транспаренти насочени против Бугарија.

https://www.dw.com/mk/%D1%81%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5/a-62449727

Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје поради „констатираните многубројни слогани и транспаренти, насочени против Бугарија изминатите денови во јавноста на Северна Македонија“.

Во нотата се изразува „длабока загриженост поради тоа што се случува, а кое се однесува на ширењето на антиевропскиот наратив против воспоставувањето на добрососедските односи меѓу двете земји“.

„Особено загрижувачки е тоа што злонамерните дејствија во јавноста ескалираат во момент кога Софија и Скопје активно бараат пат кон конструктивен дијалог и пронаоѓање трајно заемноприфатливо решение во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и регионот“, се вели во нотата која што е објавена на веб-страницата на бугарското Министерство за надворешни работи

Шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, изразува уверување дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а двете држави ќе успеат да отворат нова страница во односите, заснована на заемно почитување и искрено пријателство. 

Ковачев го укорува Пендаровски 

Од друга страна, со „укор“ до претседателот Стево Пендаровски се јави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Тој, во објава на Фејсбук, му забележува на Пендаровски за текстот кој го впишал во книгата на посетители при посетата на спомен-куќата на браќа Миладиновци во Струга во понеделникот.  
Во обид да додаде „масло на огнот“ во Македонија, Ковачев пишува дека „согласно францускиот предлог“, Пендаровски не смеел да пишува дека браќата Миладиновци се дел од македонската култура и традиција. 
„Преговарачката рамка упатува на протоколите од членот 12 од Договорот и ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја,“ пишува Ковачев.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Во македонскиот парламент нема потребно мнозинство за уставни измени

Прво избори, па уставни измени?

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница