Согласност за реформа на монетарната унија | Економија | DW | 04.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Согласност за реформа на монетарната унија

Државите од Еврогрупата се договорија за реформа на монетарната унија. Согласноста е постигната по 16 часови преговори на министрите за финансии, кои траеја до рано изутринава.

Belgien Treffen der EU-Finanzminister in Brüssel (picture-alliance/AP Photo/O. Matthys)

Министрите за финансии во Брисел преговараа со часови

По преговарачкиот маратон во Брисел, министрите за финансии на земјите од еврозоната постигнаа согласност за реформа на монетарната унија. Шефот на Еврогрупата, Марио Сентено, изјави дека земјите членки се усогласиле околу сигурносната мрежа за ликвидација на банки, односно договориле фонд со пари од земјите членки во ЕСМ, кој би требало да биде „последна гаранција“, доколку фондот со пари за таа цел од самите банки не е доволен.

Belgien Treffen der EU-Finanzminister in Brüssel - Mario Centeno (Reuters/Y. Herman)

Марио Сентено, шеф на Еврогрупата

Освен тоа, постигната е согласност и за зајакнување на Европскиот фонд за спас - ЕСМ. Би требало и натаму да се работи и на буџет на еврозоната (барање на Германија и Франција), доколку за тоа своја согласност дадат шефовите на држави или влади.

Според германскиот министер за финансии Олаф Шолц, мерките за кои е постигната согласност со неговите колеги, претставуваат „голем пробив“. Од една страна, во банкарскиот сектор ќе има „поголема сигурност“, а од друга страна ЕСМ ќе се развие „во нешто како Европски монетарен фонд“, оцени Шолц. Тој додаде дека ЕСМ би требало да биде во можност да им дава поддршка на земјите „кои всушност имаат сосема добар развој“, но имаат проблеми при добивањето кредити на финансиските пазари.

Министрите за финансии своите заклучоци треба да ги поднесат на самитот кој треба да се одржи наредната недела.

DW.COM

Реклама