Собранието дише на шкрги, блокадата ќе парализира десетици закони | Северна Македонија | DW | 04.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Собранието дише на шкрги, блокадата ќе парализира десетици закони

Опозицијата најавува подолготрајна блокада на законодавниот дом, како притисок за предвремени избори. Последиците ќе ги почувствуваат Владата, институциите, а највеќе граѓаните.

Во услови на криза и Собрание коешто дише на шкрги, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави блокада на парламентот, која што „нема да трае неколку дена, туку можеби и со недели и месеци“, сè додека Владата не седне да разговара со нив и не се договорат за предвремени парламентарни избори. Од владејачката партија повикуваат на разум, место на деструкција, бидејќи со блокадата се нанесува највеќе штета на граѓаните. Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата се само дел од десетиците закони коишто се блокирани во Собранието. Изминативе две години од почетокот на пандемијата, Собранието почесто беше блокирано, отколку што беше функционално. 

Кои се следните чекори? 

Идејата за блокада вечерва ќе се најде на маса на седницата на Извршниот комитет на партијата, којшто треба да се произнесе за ваквата идеја. „Ако мислите дека ќе завршиме тука, нема. Ова ќе биде процес во кој треба комплетно да ја принудиме оваа влада раководена од 15 пратеници на ДУИ и администрирана од Ковачевски и СДСМ да замине, затоа што мора да се согласите дека сега како никогаш во минатото не било толку лошо. Сега не е лошо туку очајно, имаме национална катастрофа, девастирана економија, урнисано здравство, многу лоша состојба во образованието“, изјави Мицкоски. 

Nord-Mazedonien Skopje | Kommunalwahl Hristijan Mickoski

Идејата за блокада вечерва ќе се најде на маса на седницата на Извршниот комитет на партијата, којшто треба да се произнесе за ваквата идеја

Активната блокада на законодавниот дом ќе значи блокирање на сите процеси и закони освен на оние што се однесуваат за помошта кон граѓаните за повисоки плати и пензии.

По ВМРО-ДПМНЕ, и Беса најавува блокада на Собранието. Од партијата најавуваат дека ќе се користат сите можни механизми за да предизвикаат што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори. Претседателот на парламентот, Талат Џафери, во изјава за „Слободен печат“ вели дека ќе постапува според собранискиот Деловник.

„Нема војна да правиме, ќе видиме како ќе тераат. Не само Собранието, треба и други институции да размислуваат за последиците, бидејќи во таков случај не станува збор само за блокада на Собранието, туку и на државата“, вели Џафери.Ако дојде до блокада на парламентот, тој нема намера да свика средба со лидерите на парламентарните партии,  бидејќи сите со исклучок на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се и пратеници. 

Разум место деструктивност 

По најавите на Мицкоски, од СДСМ порачуваат дека остануваат отворени за сите добронамерни конструктивни предлози, но дека со сите демократски и разумни методи ќе се спротивстави на блокади и вештачки кризи заради лични и партиски интереси. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска вели дека во време на најголема економска и енергетска криза по втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи ефикасни решенија за граѓаните, Христијан Мицкоски најавува нови блокади. 

-повеќе на темата: Многу опции во игра – ќе се најде ли решение за да се одблокира Собранието?

„Во светската политика се случува обединување на партиите за помош на граѓаните и стопанството во време на вакви големи кризи, само кај нас ВМРО-ДПМНЕ сее поделби и спроведува блокади“, вели таа. 

Nord-Mazedonien Skopje | Neue Regierung

По најавите на Мицкоски, од СДСМ порачуваат дека остануваат отворени за сите добронамерни конструктивни предлози, но дека со сите демократски и разумни методи ќе се спротивстави на блокади и вештачки кризи

И министерот за надворешни работи Бујар Османи од ДУИ, вели дека блокирањето на Парламентот во услови на криза е енергија на деструкција. „Владата е единствена и апсолутно јасна во своите определби и ништо нема да ја поколеба во остварување на целите. Јавноста со право е фрустрирана поради економските текови кои се поврзани со надворешни фактори, како и од пандемијата и од забавувањето на европските текови, но работа на Владата е да ги води и предводи работи, а не да јава на расположенијата на граѓаните. Граѓаните се фрустрирани, но тие гледаат постратешки од многу политичари“, вели Османи.

Најавите за блокада следат откако Мицкоски неодамна упати повик до премиерот Димитар Ковачевски за лидерска средба на која ќе утврдат датум за предвремени парламентарни избори, а во спротивно најави „сериозни чекори“. Ковачевски му одговори дека не прифаќа уцени и дека во услови на криза не се потребни избори, туку одговорно делување на сите партии и  функционално Собрание.

Поврзана содржина