Присутните во собраниската сала ратификацијата на договорот ја поздравија со аплауз и меѓусебни честитки. Собраниската Комисија за европски прашања вчера со десет гласа „за“ го усвои предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Премиерот Зоран Заев во воведниот говор порача дека е постигнат договор со јасни обележја за македонскиот јазик и идентитет.
„Потписите на историскиот договор во Преспа го заштитија нашиот идентитет за век и веков. Никому ништо не сме му подариле, ниту некој ни одзеде нешто кога се договоривме за географска одредница. Овој храбар и стратешки чин е кулминација на сите наши напори како држава. Ова е израз на нашата посветеност да најдеме решение кое е во интерес на иднината и на граѓаните на нашите две земји. Се издигнавме над стравот за да обезбедиме безбедна и спокојна иднина“, рече Заев.
-
Договор за решавање на спорот за името
Потпишување
Договорот за решавање на спорот за името во Псарадес, на грчката страна од Преспанското Езеро, го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Горди сме затоа што избравме решение што нѐ обединува“, оцени македонскиот премиер Заев. Неговиот грчки колега Ципрас рече: „Овде сме да ги залечиме раните што ги остави времето, да отвориме пат за мир, братство и пораст“.
-
Договор за решавање на спорот за името
Роденден
Потпис на договорот стави и долгогодишниот посредник на Обединетите Нации во спорот за името, Метју Нимиц. Потпишувањето се падна токму на неговиот 79-ти роденден. „На членовите на моето семејството им реков дека не сакам подароци за овој роденден, зашто двајца премиери ќе ми дадат еден голем подарок“, рече Нимиц на церемонијата во Псарадес.
-
Договор за решавање на спорот за името
Вратоврска
Кога по потпишувањето на договорот требаше да се направи семејна фотографија од настанот, македонскиот премиер Зоран Заев, веројатно не сакајќи да се разликува од Алексис Ципрас, кој е познат по тоа што не носи вратоврски, ја извади својата црвена вратоврска и му ја подари на својот грчки колега. Тоа беше поздравено со широки насмевки и громогласен аплауз од присутните.
-
Договор за решавање на спорот за името
Договорот зачинет со македонска храна и вино
Официјалната средба по потпишувањето во Псарадес се префрли на македонскиот брег на Преспанското Езеро. Двете делегации до Отешево стигнаа по воден пат, со чамци. Во Отешево се водеа билатерални разговори и имаше свечен ручек. На заедничкиот ручек присуствуваа и претставниците на Европската Унија и Обединетите Нации – Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари Ди Карло.
-
Договор за решавање на спорот за името
Протести во Скопје
Потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името предизвика протести во Македонија. Демонстрантите пред Собранието на 17.06.2018 се судрија со полицијата. Во безредијата имаше повредени и приведени лица. Според полициски наводи, има неколку повредени полицајци, како и над 25 уапсени учесници на протестите. Официјален организатор на протестите нема.
-
Договор за решавање на спорот за името
Се протестира и во Грција
Во Грција исто така се протестира. Противниците на договорот за решавање на спорот за името во Атина за време на расправата за доверба на владата на Ципрас се судрија со полицијата пред парламентарната зграда (фото: 16.06.2018). Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја разбие толпата која се обиде да влезе во парламентарната зграда. Владата го преживеа гласањето.
-
Договор за решавање на спорот за името
Уште многу работа
Ставањето потпис на Конечната спогодба за решавање на спорот за името е само еден од чекорите кои следуваат во наредните месеци до конечно решение. Следува ратификација во македонското Собрание, референдум на кој македонските граѓани ќе се изјаснат за договорот, а потоа и ратификација во грчкиот парламент.
Автор: Е.М. Фиданоска
Предлог-законот за ратификација во Собранието и во собраниската Комисија за европски прашања го образложи министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој истакна дека има рокови што мораат да се запазат до самитот на ЕУ. Димитров рече дека спогодбата не е идеална и совршена, туку компромис на двете страни.
На денешната седница во Собранието не присуствуваа пратениците од ВМРО ДПМНЕ. Партијата ќе бара Венецијанската комисија да се изјасни за правната издржаност на договорот со Грција, најави денеска на прес-конференција пратеникот Драган Данев, според кого, „злоупотребени се процедурите и прекршени се законите“.
Повеќе:
Сите разменија вратоврски, само Иванов си плете свилен гајтан
За договорот, името и изборот
Лекциите од спорот за името
Македонската и грчката влада, предводени од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, на 17 јуни во грчкиот дел на Преспа, во селото Псарадес (Нивици), го потпишаа договорот. Со него се предвидува името на земјата да биде Република Северна Македонија за севкупна и внатрешна употреба, со македонски јазик и македонска националност. Договорот го потпишаа министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, и посредникот на ОН, Метју Нимиц.