Снимките на Ратко Младиќ - потсетник за обврските | Балкан | DW | 11.06.2009
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Снимките на Ратко Младиќ - потсетник за обврските

Снимки што предизвикаа политичка бура - во емисијата „60 минути“ на Федералната телевизија на Босна и Херцеговина се прикажани снимки на обвинетиот за воени злосторства - Ратко Младиќ.

Ратко Младиќ

Ратко Младиќ

Во емисијата „60 минути“, директорот на Канцеларијата за соработка со Хашкиот трибунал, Душан Игњатовиќ, го повтори она што претставниците на Србија го зборуваат веќе десет години - дека во „овој момент официјален Белград не знае каде се наоѓа Ратко Младиќ“.

На снимките се гледа како Младиќ слободно шета по улиците на Белград, пие, се весели и живее нормално на населбата Кошутњак, во главниот град на Србија. Објавени се и снимки на коишто се гледа дека Младиќ присуствувал на погребот на својата ќерка, Ана, иако разузнавачките служби на Србија тврдеа дека Младиќ не бил на погребот.

На Федералната телевизија на БиХ се прикажани и снимки на кои Младиќ разговара со офицери на Војската на Југославија, меѓу

Ratko Mladic Poster in Belgrad

Постер на Ратко Младиќ во Белград

кои е и обвинетиот за воени злосторства, Момчило Перишиќ, кој потоа, пред камерите тврдеше дека никогаш не го видел Младиќ.

„Една работа е очигледна - Ратко Младиќ цело време е под заштита, во тоа време на Војската на Југославија, а сега на Војската на Србија. Таа структура го заштитува. Политиката стои, тие одредени кругови стојат зад него. Никој не сака да стори ништо по тоа прашање“, изјави членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, кој беше гостин во емисијата „60 минути’.

Последната снимка е од 2008 година?

Од снимките што се прикажани на телевизијата, се претпоставува дека последната потекнува најверојатно од оваа зима и на неа се гледа дека здравствената состојба на Младиќ е тешка. Координаторите за соработка на Србија со Хашкиот трибунал, Владимир Вукчевиќ и Расим Љајиќ, не сакаат да коментираат снимки, што како што велат, не ги виделе. Сепак, Љајиќ за Б92

Karadzic und Mladic - Schlüsselfiguren für Srebrenica Bosnien

Ратко Младиќ и Радован Караџиќ во текот на војната во БиХ

изјави дека ќе ги провери наводите на сараевската телевизија и дека се сомнева оти постои снимка на Младиќ од минатата година: „Ми се чини дека е просто невозможно да постои снимка од 2008 година. Веројатно постојат снимки од порано, пред 2000 година и нешто после тоа, но дека постои снимка од 2008 година ми делува неверојатно. Во секој случај, пред да го видиме комплетниот материјал, ќе биде тешко да дадеме прецизна оценка“, изјави Љајиќ.

Шефот на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, кој денеска е во Брисел, исто така се изјасни околу снимките: „Серизно се сомневам во тоа дека снимките се од 2008 година. Тие снимки не можеле да бидат направени таа година. Не можам да кажам дека тоа не е од некоја претходна година, но можам да кажам дека оваа влада на Србија е во целост посветена на тоа да ја заврши соработката со Хашкиот трибунал. “

Еврокомесарот за проширување, Оли Рен, по разговорите со Јеремиќ, исто така изразувајќи сомневање во тоа дека постои снимка од 2008 година, денеска во Брисел додаде: „Не се соменвам во тоа дека актуелната српска влада и претседателот се сосема посветени на тоа да биде задоволена меѓународната правда.“

Отрезнување за Србија

Датумот и локацијата на кои е снимен Младиќ претставуваат главна недоумица, како за српските власти, така и за аналитичарите. Директорот на Иницијативата на

Verhaftung Mladics?

Расим Љајиќ

младите за човекови права, Андреј Носов, за Дојче веле изјави: „Нашите власти, односно истиот тој човек Расим Љајиќ, во 2003 година тврдеше дека Ратко Младиќ до 2001 година бил во Србија, а потоа две години подоцна тврдеше дека Младиќ до 2003 година бил во Србија. А, потоа, пред еднаипол година го слушнавме дека рече оти Ратко Младиќ, сепак, до средината на 2006 година бил во Србија. Право да ви кажам, не им верувам на властите на Србија кога велат дека е невозможно ова или она. Оваа снимка само ги потсети на обврската што ја има Србија.“


Автор: Самир Хусеиновиќ/Ивица Петровиќ/Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина