Смрт во реката - фотографија што го потресе светот | Свет | DW | 26.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Смрт во реката - фотографија што го потресе светот

Фотографијата е речиси неподнослива, но на брутален начин ја прикажува драмата на мигрантите на границата помеѓу Мексико и САД. Татко и ќерка се удавиле во водите на Рио Гранде во обид да стигнат во САД.

Шокирачка фотографија од границата меѓу Мексико и САД ги потресе луѓето во цел свет - според медиумите, на неа се телата на млад маж од Ел Салвадор и неговата двегодишна ќерка, кои се удавиле во водите на Рио Гранде во обид нелегално да стигнат во САД. Според медиумите, Рамирез побегнал од Ел Салвадор заедно со својата 21-годишна сопруга и нивната ќерка, а во неделата решил да ја преплива реката, што е исклучително опасно. Таткото ја носел својата мала ќерка на грб, со главчето во неговата маица за да ја држи поцврсто. Силната буица ги понесла двајцата пред очите на мајката на детето, која преживеала. Двете тела се пронајдени во понеделникот во близина на мексиканскиот град Матаморос. 

Повеќе: 

Трамп стави крај на кавгата со Мексико

Ако Трамп ја затвори границата...

Во Мексико мигрантите мора да бираат меѓу лошо и полошо

Владата на Ел Салвадор зборува за трагедија и вети итна помош за семејството на жртвите. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изрази жалење за случајот и ја критикуваше  растечката одбивност кон мигрантите во САД.

Мексиканската влада е на удар на критиката поради својот однос кон мигрантите. Обрадор се наоѓа под жесток притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој инсистира Мексико да ги запира мигрантите на патот кон САД. Трамп во повеќе наврати се закани со воведување казнени царини кон Мексико, а за избегнување на оваа мерка, Мексико се согласи да потпише договор со САД и да испрати 15.000 полицајци и војници на северната граница заради запирање на нерегулираното доселување од Централна Америка во САД.

DW.COM

Реклама