Словачкиот истражувачки новинар бил егзекутиран | Свет | DW | 27.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Словачкиот истражувачки новинар бил егзекутиран

Јан Куцијак и неговата свршеничка беа убиени во нивниот дом, најверојатно како одмазда за истрагата на новинарот во врска со даночно затајување на контроверзен бизнисмен.

„Индициите наведуваат кон планирано убиство, а не спонтана конфронтација“, изјави претседателот на полицијата Тибор Гаспар.

Полицијата ги пронајде телата на двајцата убиени во неделата. И 27-годишниот Куцијак и неговата девојка биле егзекутирани со истрели во главата и градите. Никој од соседите не забележал ништо. Куцијак бил редовен соработник на порталот Aktuality.sk, а фокусот му бил на даночни измами на бизнисмени поврзани со владејачките Социјалдемократи.

Slowakei Ermordung Jan Kuciak, Journalist (aktuality.sk)

Јан Куцијак беше убиен на 27-годишна возраст

Минатата есен, еден од бизнисмените за кои пишувал, Мариан Коцнер, отворено му се заканувал на новинарот. Коцијак подоцна се жалеше дека полицијата не реагирала на неговата жалба.

Министерот за внатрешни работи Роберт Калинак вчера понуди награда од еден милион евра за информации во врска со идентитетот на убиецот или убијците.

Водечките политичари, меѓу нив и премиерот Роберт Фицо, го осудија убиството. Фицо рече дека се работи за напад без преседан врз слободата на медиумите и демократијата.

Гледај видео 02:28

Медиумската слобода во опасност

Во реакција на убиството на Куцијак, синот на убиената малтешка новинарка Дафне Каруана Галиција изјави дека неговото семејство ја предупредило Европската Комисија дека ќе следат натамошно убиства доколку не се преземе одлучна акција.

„Јан Куцијак можеше да биде спасен“, напиша Ендрју Галиција на својот Твитер-профил.

Галиција беше убиена со автомобил бомба во октомври минатата година. Полицијата на Малта обвини три лица дека го извршиле убиството, но нарачателот останува непознат.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама