Скандал и протести пред конвенцијата на демократите | Свет | DW | 25.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Скандал и протести пред конвенцијата на демократите

Наместо единство - оставки и протести. Демократската партија е потресена од бројни контроверзи пред денешниот почеток на конвенцијата, на која треба да се потврди кандидатурата на Хилари Клинтон за претседател.

Контроверзата околу пристрасноста на партиското раководство кон Хилари Клинтон ја потресе Демократската партија во пресрет на националната конвенција во Филаделфија. Првиот човек на партијата, Деби Васерман Шулц, поднесе оставка по објавувањето на имејлови кои укажуваат дека партиските лидери ја преферирале Клинтон пред ривалот Берни Сандерс за време на внатрепартиските избори.

Протечените имејлови објавени по упадот на хакери во Демократскиот национален комитет минатата година, потврдуваат дека постоела пристрасност на која се жалеше Сандерс.

Таквата ситуација отвори можност Васерман Шулц да биде исвиркана од поддржувачите на Сандерс за време на отворањето на конвенцијата, токму кога партијата се обидува да се обедини околу Клинтон, која и формално ќе ја добие претседателската номинација.

USA Debbie Wasserman Schultz

Деби Васерман Шулц поднесе оставка

Васерман Шулц во изјава порача дека ќе продолжи да ѝ помага на Клинтон да стигне до Белата Куќа. За време на партиските предизбори, таа демантираше дека ја фаворизира Клинтон.

Сандерс во неделата ја повика Васерман Шулц да си поднесе оставка, а минатиот месец најави дека ќе ѝ даде поддршка на Клинтон.

Шефот на изборната кампања на Клинтон, Роби Мук за Си-Ен-Ен изјави дека хакерскиот напад го извеле Руси и потоа ги објавиле мејловите во јавност за да му помогнат на Трамп. Тој тврди дека имејловите биле објавени откако Републиканците ја промениле својата платформа да биде повеќе проруска.

Протести во Филаделфија

Гледај видео 00:52
Now live
00:52 минути

Протести пред конвенцијата на Демократите

Во исто време, во Филаделфија денеска втор ден по ред ќе се одржат масовни протести на поддржувачите на Сандерс против изборот на Хилари Клинтон. Вчера демонстрантите извикуваа „Нема шанси да гласаме за Хилари“ и „Вака изгледа демократијата“.

Протестираат и активистите за чиста енергија. Тие се противат на фрекингот и на планираната изградба на нафтоводи.

Повеќе од 5.000 делегати и околу 50.000 луѓе се очекуваат на четиридневната конвенција. Кулминацијата се очекува со потврдувањето на номинацијата на Хилари Клинтон за претседател.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама