1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Tschechien I EU-Ratspräsidentschaft - Petr Fiala
Фотографија: Roman Vondrous/CTK/picture alliance

Чешка го презема претседавањето со ЕУ

Лубош Палата
1 јули 2022

Руската агресија врз Украина, енергетската криза, климатските промени и самитот на европските земји: ова се приоритетите на чешкото претседателство со Советот на Европската Унија, кое започнува на 1 јули.

https://www.dw.com/mk/%D1%81%D0%B8%D0%B3%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D0%B5%D1%83/a-62320474

Од 1 јули, Европската Унија ќе ја предводат двајца поранешни ректори на Универзитетот Масарик во Брно: чешкиот премиер Петр Фијала и министерот за европски прашања Микулаш Бек. Фијала е политиколог, тој беше ректор од 2004 до 2011 година. Неговиот пријател и заменик, музиколог Бек, беше на чело на вториот по големина чешки универзитет веднаш потоа, од 2011 до 2019 година. Под нивно водство, Универзитетот Масарик беше меѓу најдобрите универзитети во светот, меѓу десетте најдобри универзитети во „Нова Европа“ и го постигна нивото „QS Students City“ на Универзитетот во Берлин или Виена. 

Фијала и Бек сега сакаат во Европската Унија да ги повторат успесите што ги постигнаа како ректори. Чешка, која од денеска го презема претседавањето со Советот на ЕУ, сака да се претстави како дел од Западна Европа, а не како дел од Источна Европа. „Би бил многу среќен ако нашето претседавање со ЕУ значеше дека веќе не нѐ доживуваат како земја што сака да го фати чекорот со Западот, туку како држава на ЕУ“, изјави Микулаш Бек за ДВ. „За да се постигне тоа, можеби е доволно улогата на претседавач да се извршува професионално“. 

Tschechien Mikulas Bek, Minister für europäische Angelegenheiten
Микулаш Бек, чешки министер за европски прашањаФотографија: Regierung der Tschechischen Republik

Дали Чешката Република ќе биде сфатена како „нормална“ земја на ЕУ, како Данска или Шведска, ќе зависи од мали нешта, како што е точноста во преговорите со ЕУ. Тие земји можеби нема да доминираат во дебатата за ЕУ, како Французите или Германците, но знаат да ја ублажат. 

Украина како врвен приоритет 

Прага е свесна за степенот до кој нејзиниот настап на чело на Европската Унија е определен од руската агресија и нејзиното влијание врз Унијата и светот. „Не е дека Украина го исцеди остатокот, туку додаде уште едно големо парче“, рече Бек. По Полска, Чешка е веројатно најсилната поддршка за Украина во ЕУ, која беше нападната од Русија: таа го снабдува Киев со оружје, вклучувајќи тенкови и хеликоптери, а прими 350.000 бегалци. 

Чешкиот министер за европски прашања, по повод претстојната зима, смета дека главен фокус ќе биде надминувањето на енергетската криза предизвикана од Русија. „Тоа е клучна задача што ќе го одреди кредибилитетот на Европската Унија“, рече Бек. „Тоа ќе биде уште поголем тест за ЕУ отколку соочувањето со Ковид-кризата“. Од клучно значење е ЕУ да може да обезбеди соодветен капацитет за ЛНГ-терминалите и транспортните рути. 

Хавел: „Европа како задача“ 

Ова одговара на петте приоритети на чешкото претседателство, кои премиерот Петр Фијала им ги претстави на новинарите во Прага во средината на јуни. Тоа се управувањето со бегалската криза и повоената обнова на Украина, енергетската безбедност, зајакнувањето на одбранбените капацитети на Европа и безбедноста на сајбер просторот, стратешката отпорност на европската економија и издржливоста на демократските институции. Мотото на чешкото претседателство е цитат од поранешниот претседател Вацлав Хавел: „Европа како задача“. 

Tschechien I EU-Ratspräsidentschaft - Petr Fiala
Премиерот Фијала и министерот БекФотографија: Roman Vondrous/CTK/picture alliance

„Европа, а со неа и целиот свет, минуваат низ фундаментална промена, бидејќи руската инвазија на Украина ја разниша нашата безбедност“, изјави Фијала за новинарите, објаснувајќи дека мора да се работи на нова безбедносна архитектура за Европа. Чешка е свесна дека задачата да ја води ЕУ не е да ги промовира „чешките интереси“. „Главната задача на чешкото претседателство ќе биде да постигне консензус во одделни области и да постигне европско единство“, најави Фијала. 

Мега самит во Прага 

Иако француското претседателство на самитот на ЕУ во јуни веќе успеа да им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија, прашањето за проширувањето на ЕУ и соработката со соседните земји на ЕУ ќе биде во фокусот на најважниот неформален самит на чешкото претседателство. Самитот на ЕУ ќе се одржи во октомври во Прага и ќе биде најголем собир од ваков вид, бидејќи не треба да учествуваат само земјите-членки на ЕУ, туку и други европски земји - „од Исланд, до Украина, без разлика дали се членки на ЕУ“, пишува Фијала на својата Фејсбук страница. Шефот на владата е убеден: „Тоа е предизвик за нас, но ќе го надминеме“. 

Tschechien I Berühmte Karlsbrücke in Prag
Самитот на ЕУ ќе се одржи во октомври во Прага и ќе биде најголем собир од ваков видФотографија: Stephan Schulz/dpa-Zentralbild/picture alliance

На тој начин, Чешка може индиректно да се поврзе со своето последно претседателство во 2009 година, кога во Прага се одржа основачкиот самит на „Источното партнерство“, кој ја отвори соработката меѓу шест постсоветски земји, Украина, Молдавија, Грузија, Ерменија, Азербејџан - и Европската Унија. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница