1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

СЗО се коригира: Асимптоматските случаи сепак се преносители

БГ /РТР
9 јуни 2020

Студиите кои ги анализирала Светската здравствена организација покажуваат дека лицата со коронавирус се најзаразни во моментот кога за првпат ќе ги почувствуваат симптомите на болеста.

https://p.dw.com/p/3dXt6
Schweiz Genf WHO-Zentrale
Фотографија: picture-alliance/imageBROKER/K. Petersen

Водечката експертка на Светската здравствена организација денеска ги расчисти „недоразбирањата“ по вчерашната изјава која беше сфатена како сугестија дека асимптоматските случаи ретко го пренесуваат коронавирусот.
Марија Фан Керкове, која ја предводи техничката асистенција во справувањето со пандемијата, денеска појасни дека нејзината изјава се однесувала само на неколку студии, а не на целосната слика за коронавирусот.
Неколку експерти реагираа на вчерашната изјава на Фан Керкове со оценка дека таквиот став би можел да им отвори проблем на владите кои се обидуваат да ги намалат ограничувањата.
„Бев изненаден од ставот на СЗО“, вели Лијам Смет, професор по клиничка епидемиологија во Лондон.
„Тоа е спротивно на мојот впечаток од науката досега кој сугерира дека асимптоматските случаи, како и пред-симптоматските лица се важен извор на инфекцијата за другите“, вели Смет.
Освен што денеска СЗО ја корегираше изјавата за асимптоматските случаи, дополнително информираше и за новите студии кои покажуваат дека заразените луѓе се најзаразни во моментот кога за првпат ќе се почувствуваат болни.
„Од ограничените информации кои ги поседуваме, се чини дека луѓето имаат повеќе вирус во нивните тела во или околу периодот кога ги развиваат симптомите, односно многу рано“, вели Фан Керкове.
Првичните студии во Германија и САД сугерираат дека луѓето со лесни симптоми можат да бидат заразни од 8-9 дена, додека кај оние кои се потешко болни вирулентноста трае „далеку подолго“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема