1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Во Европа подобро, во светот полошо

БГ /АФП
8 јуни 2020

Светската здравствена организација денеска соопшти дека состојбата со пандемијата на коронавирусот во светот се влошува, и предупреди од опуштање во земјите каде состојбата се подобрува.

https://p.dw.com/p/3dT8f
Schweiz Genf WHO Treffen | Tedros Adhanom Ghebreyesus
Шефот на СЗО, Тедрос ГебрејесусФотографија: picture-alliance/Xinhua/WHO

Светската здравствена организација го утврдила најголемото дневно зголемување на инфекцијата поради драматичниот раст на бројот на заразени во Северна и Јужна Америка.
Над 400 илјади луѓе во светот досега починаа од коронавирусот, а околу седум милион се заразија откако заразата избувна во Кина во декември минатата година. По источна Азија, Европа стана епицентар на болеста, но сега е далеку надмината од двете Америки.
„Иако состојбата во Европа се подобрува, глобално таа се влошува“, изјави шефот на СЗО Тедрос Гебрејесус денеска.

„Повеќе од 100 илјади случаи се пријавени во девет од последните 10 дена. Вчера беа регистрирани повеќе од 136 илјади случаи- најмногу во еден ден досега“. Според него, речиси 75 отсто од последните случаи доаѓаат од 10 земји- повеќето во Северна и Јужна Америка и во јужна Азија.

Тедрос вели дека во земјите каде состојбата се подобрува „најголемата закана е опуштањето“, додавајќи дека „повеќето луѓе во светот се уште се подложни на инфекција“.
„Повеќе од 6 месеци во пандемијата, ова не е време за било која земја да се опушти“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи