1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот за Американците станува се помалку безбеден

19 октомври 2006

Судејќи според една студија која е објавена во САД, околу 80 % Aмериканци сметаат дека надворешната политика на владата на Џорџ Буш има негативни последици. Речиси 80% сметаат дека светот ја гледа земјата како арогантна сила и се чувствуваат несигурни заради политката на Белата Куќа

https://p.dw.com/p/AdwM
Џорџ Буш
Џорџ БушФотографија: AP

Светот за Американците станува се помалку безбеден, е мислењето кое преовладува меѓу граѓаните на САД. Нив ги загрижува тоа што земјата го загубила угледот во светот. Судејќи според анкетата на независниот институт Паблик агенда, околу 80 отсто од испитаниците веруваат во такво нешто. Причина, војната во Ирак, тероризмот, исламистичките тенденции и зависноста на САД од странски рзерви на нафта.

78% од испитаниците сметаат дека САД во светот се однесува како арогантна сила, а дури 87% сметаат дека лошото мислење на другите земји за Америка и нејзината култура ја загрозува националната безбедност на американците.

Во врска со ситуацијата во Ирак, одговорите покажуваат дека голем дел од американското население е исфрустрирано заради развојот на настаните. Само 20% од нив сметаат дека САД се способни да сторат нешто во однос на демократијата. Слични се и оценките во однос на политиката во Авганистан како и со другите муслимански земји. Мајкл Ханлон од институтот Брукунгс вели:

“ Постои се поголем интерес за надворешната политика и прашањето за национална безбедност. Меѓутоа довербата на американците ќе ја стекнат оние кои се во состојба да ги уверат дека се во состојба да ги заштитат во традиционална смисла на зборот. Само оној кој има јасни планови во врска со ангажманот на американската армија ја добива довербата кај народото. Не е доволно само да се биде против војната во Ирак. Луѓето мораат да добијат впечаток дека политиката секојдневно се занимава со прашањето на безбедноста, а не само заради изборите“

На 7 ноември во САД се бира нов состав на парламентот. Судејќи според анкетите, опозицијата, значи Демократите имаат предност.