Сасоли го храбри Скопје: Некои земји се премислуваат | Северна Македонија | DW | 04.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Сасоли го храбри Скопје: Некои земји се премислуваат

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли вели дека приговорите на некои скептични земји-членки на ЕУ можат да бидат надминати во наредниот период со што би се отвориле вратите за преговори.

Претседателот на парламентот на ЕУ, Сасоли е оптимист дека државите кои го блокираа почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија на самитот во Брисел ќе се предомислат во текот на следната година. Сасоли дојде во првата официјална посета како спикер на парламентот во Скопје со пораки за значењето на регионот на Западниот Балкан и надежи за брза промена на ставот во некои европски престолнини.
„За време на последниот Европски совет три влади имаа приговори и поради тоа не беше донесена одлуката. Немаше категорично не, но имаше условувања“, рече Сасоли кој се надева дека дадените приговори можат да се надминат.

„Во овој момент некои влади се во фаза на предомислување, односно ги разгледуваат сопствените одлуки што ги донеле“, вели италијанскиот политичар. Според Сасоли, тоа е момент за оптимизам и доверба, и тој се надева дека земјата следната година ќе ги започне преговорите.
„Знаеме дека темата ќе биде отворена пред Европскиот совет во мај, а потоа следува и самитот во Загреб, и ние сме посветени на тој процес“, вели претседателот на Европскиот парламент
Премиерот Зоран Заев изјави дека земјата дотогаш мора да продолжи со спроведување на реформите и се надева дека реформата на преговарачкиот процес во ЕУ ќе може да продолжи паралелно со преговорите.

 

DW.COM

Поврзана содржина