Саливан во Скопје: кои ќе бидат клучните пораки од САД? | Северна Македонија | DW | 18.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Саливан во Скопје: кои ќе бидат клучните пораки од САД?

На средбите со американскиот заменик државен секретар ќе се разговара за надградување на партнерските односи меѓу двете земји, евроатлантските перспективи на Македонија и за актуелните состојби во земјата и регионот.

Евроатлантските перспективи на Македонија, имплементацијата на договорот од Преспа и реформите, ќе бидат тема на денешните разговори во Скопје на американскиот заменик државен секретар Џон Саливан со македонскиот политички врв. Скопје е петтата престолнина што тој ја посетува во рамките на неговата европска турнеја, која започна со посета на Братислава, Виена, Софија и вчера на Сараево.

Негов првдомаќин утрово ќе бидеминистерот за надворешни работи Никола Димитров, а како што е најавено, на средбата ќе се разговара за натамошното надградување на партнерските односи меѓу двете земји, за евроатлантските перспективи на Република Македонија и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот. Веднаш потоа високиот американски функционер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што во 11:30 часот ќе одржат и прес-конференција. Саливан попладнево ќе има средба и со македонскиот претседател Иванов, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и потпретседателите Фросина Ташевска-Ременски, Горан Мисовски и Весел Мемеди, но и со кооординаторите на пратеничките групи.

USA John Sullivan, kommissarischer Außenminister (Getty Images/W. McNamee)

Договорот од Преспа во фокусот на посетата на Саливан

Фокусот на интеграциските перспективи

Какви пораки носи заменик државниот секретар на САД, највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија? Според најавите, фокусот ќе биде на ставен на американската поддршка и охрабрување за имплементација на Договорот од Преспа, како процес кој ги отвора вратите за членство на Македонија во НАТО, но и на актуелните политички случувања во регионот. Дека акцентот ќе биде ставен на македонско-грчкиот договор говори и фактот дека Договорот од Преспа и членството на Македонија во НАТО ќе бидат тема и на попладневното обраќање на Саливан пред студентите во Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј". По неговото обраќање предвидена е и сесија со студентите за прашања и одговори, но таа ќе биде затворена за медиумите.

Повеќе: 

Лавров: САД насила ја туркаат Македонија во НАТО

Палмер: Македонија полноправна членка на НАТО до средината на 2020

Саливан доаѓа во Македонија во исклучително сензитивен политички период - пред последната фаза од процесот на уставни измени, во време на внатрешни и надворешни опструкции за имплементација на Договорот од Преспа, и обиди за помирување. Осумте опозициски пратеници кои овозможија двотретинско мнозинство неопходно за почеток на процесот за устави измени, согласно со Договорот од Преспа, и натаму се под притисок и критики на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во обраќањата на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на протестите низ земјата, тие не се спомнуваат поименично, туку како „луѓе кои застанале рамо до рамо со СДСМ“, и со предупредување дека „ќе дојде денот кога заедно со СДСМ ќе бидат разобличени пред судот на народот, и испратени во темната страна на историјата, од прв до последен“.

Во тој контекст, се очекува силно охрабрување од САД за сите кои со својот глас придонеле и ќе придонесат за успешна имплементација на Договорот кој ѝ отвора важни перспективи на земјата.

Athen Überblick Stadtübersicht Panorama Lycabettos Hügel Griechenland (picture-alliance/dpa/Peter Zimmermann)

Атина ги чека пораките на Саливан - и во Грција Договорот од Преспа ги бранува односите на релација власт - опозиција

Стабилност на регионот

И во Атина со интерес ги очекуваат денешните пораки што Саливан ќе ги искаже за Договорот од Преспа, и интеграциските перспективи на Македонија. Исто како во Македонија, и во Грција Договорот од Преспа ги бранува односите на релација власт - опозиција. Во пресрет на посетата на Саливан на Македонија, таквите тонови дополнително се заострија.

„Господине Ципрас, не ја спасивте Македонија, единствено што направивте е да им дадете македонска националност и јазик на нашите соседи. Единствено што направивте е да кажете 'да' таму каде што другите имаа храброст да кажат 'не'“ обвини Мицотакис.

Поранешниот грчки министер за надворешни работи и потписник на договорот од Преспа, Никос Коѕијас, порача гласањето за договорот од Преспа во парламентот да биде тајно за да може пратениците од 'Нова демократија' и помалите партии да гласаат по своја совест. Коѕијас изрази увереност дека мнозинството ќе гласа во полза на договорот.

Повеќе: Заев и Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир

Ако се имаат предвид вчерашните пораки на Саливан во Сараево, извесно е дека она што ќе се слушне во Скопје е дека приоритет е политичката и безбедносната стабилност на регионот, гледано и низ важноста и интегрирање на земјите од регионот во НАТО.

„Политичките лидери создаваат етнички поделби само за да останат на власт (...) САД енергично ја поддржуваат одлуката на претседателството на БиХ да ја поведе земјата во НАТО. Обидите за подривање на институциите, повиците за отцепување и содавање трет ентитет, го нарушува духот на Дејтонскиот договор, претставува закана за стабилноста на БиХ и за целиот регион“, изјави Саливан во Сараево, додавајќи дека САД, Европа и другите партнери ќе се пресметаат со оние кои ги подриваат овие принципи, вклучувајќи и санкции со патување и користење на личен имот за најекстремните.

Тој нагласи дека САД со политичарите активно ќе работи против странските сили кои се обидуваат земјата и регионот да ги направат поранливи во однос на внатрешната стабилност.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама