САД со предупредување до режимот на Мадуро | Свет | DW | 28.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД со предупредување до режимот на Мадуро

Во Венецуела се води борба за власт со неизвесен исход. САД, меѓутоа, во никој случај нема да толерираат насилство врз опозицијата, стави до знаење советникот за безбедност на Трамп.

Venezuela Präsident Nicolas Maduro in Valencia (Reuters/Miraflores Palace)

Николас Мадуро во посета на 41. бригада на венецуелската армија во Пармакаи

Националниот советник за безбедност на американскиот претседател Трамп, Џон Болтон, на Твитер остро ја предупреди Венецуела: секаков вид насилство или заплашување на американски дипломати, на венецуелскиот самопрогласен преоден претседател Хуан Гуаидо или на парламентот, каде доминира опозицијата, „ќе се смета за тежок напад врз правната држава“. Според Болтон, тоа за последица би имало „сигнификантен одговор“ од страна на Вашингтон.

Во друг твит Болтон додава: „Овде сме за од сите нации да побараме да им дадат поддршка на демократските стремежи на венецуелскиот народ во неговите обиди да се ослободи од мафијашката држава на поранешниот претседател Мадуро.“ САД, вели тој, на земјата сакаат да ѝ донесат сјајна иднина.

 John Bolton (picture-alliance/AP Photo/C. Owen)

Џон Болтон

Хуан Гуаидо, прв човек на обезвластениот венецуелски парламент, во средата се прогласи за преоден претседател на земјата. САД веднаш го признаа, а Канада и повеќе латиноамерикански земји, како Аргентина, Бразил, Чиле и Колумбија го сторија истото набрзо потоа. Во меѓувреме такви изјави стигнаа и од Израел и Австралија. Повеќе држави од ЕУ, меѓу нив и Германија, на социјалистичката влада во Венецуела минатата недела ѝ дадоа рок од 8 дена да закаже нови избори. Во спротивно, и тие ќе го признаат Гуаидо за претседател. Русија, Кина, Иран и Турција и натаму се држат до социјалистот Мадуро.

Повеќе: Венецуела: Кој е всушност Хуан Гуаидо?

Каков ќе биде исходот од борбата за власт во Венецуела зависи многу од безбедноснте сили на земјата за чија поддршка се борат и Мадуро и Гуаидо. „Секогаш лојални, никогаш предавници“, извикуваа војниците при вчерашната посета на Мадуро на 41. бригада во Парамакаи.

Гуаидо во меѓувреме се обидува на своја страна да ги придобие пред сѐ обичните војници. Тој на Твитер го објави законот за амнестија донесен од страна на парламентот со кој припадниците на армијата се ослободуваат од казна доколку учествуваат во повторното воспоставување на демократскиот поредок. Гуаидо повика на нови протести против Мадуро во среда и сабота.

DW.COM

Реклама