САД: Бунт на жртвите | Свет | DW | 20.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД: Бунт на жртвите

Реакциите во САД на убиствените напади во училиштата досега се чини следеа ист модел- најпрво тага, а потоа заборав. Но тоа како да се менува по масакрот во училиштето во Флорида, смета Мартин Муно

На Денот на вљубените загинаа 14 ученици и тројца учители во средното училиште во Паркланд, откако тешко вооружен средношколец изврши масакр. Тоа беше 18 инцидент со огнено оружје во некое училиште во САД оваа година. Според Вашингтон Пост, повеќе од 150 илјади ученици во 170 училишта ширум земјата биле сведоци на пукање од масакрот во средното училиште во Колумбајн во 1999 година во кој загинаа 15 луѓе. Со други зборови: нападите со огнено оружје во училиштата станаа дел од секојдневието.
Реакциите на ова лудило секој пат следат ист модел: луѓето се шокирани, се молат, и на крајот некако сѐ оди во заборав.
Насекаде низ светот луѓето се чудат зошто САД во најмала рака не ја ограничат продажбата на полу-автоматски оружја кога повеќе од 10 илјади луѓе гинат од огнено оружје секоја година. Како што оцени дописникот на ДВ од Вашингтон по крвавиот масакр во 2007 година во училиште во Тексас, новинарите треба да ги покриваат масовните убиства во САД како „епидемија која погодува непознат број на жртви“ со „фокус на повторените масакри како континуиран неуспех на законодавците да ги заштитат своите конституенти“.

Kommentarbild Muno Martin

Мартин Муно

Знаци на промена

Но нештата би можеле да се променат. Денешната генерација ученици веќе не е подготвена да се повинува пред улогата на жртва. „Засрами се“, му се обрати 19-годишната Ема Гонзалес, средношколка која го преживеа масакрот во Флорида, на американскиот претседател Доналд Трамп во жесток говор, обвинувајќи го претседателот дека ја поддржува Националната организација за оружјето (НРА). Денешните млади ќе ги носат законите во иднина, му порача таа. Нејзиниот говор набрзо се прошири на социјалните мрежи: Фејсбук страницата „Никогаш повеќе“ експресно доби 60 илјади приврзаници, учениците во повеќе училишта одржаа демонстрации, и повикаа на национален марш против оружјето на 24 март во Вашингтон.
Учениците се бројни, и гневни. Тие се одлучни да му стават крај на лудилото со оружјето во САД- лудило кое ги тера да веруваат дека ако сите се вооружат до заби тоа ќе им ја зголеми безбедноста.
Учениците знаат како да привлечат внимание на социјалните мрежи. И тие имаат име: Генерација Колумбајн.

USA Anti-Waffen-Demonstration in Fort Lauderdale - Emma Gonzalez (Getty Images/AFP/R. Wise)

Ема Гонзалес, ученичка која го преживеа масакрот во Флорида


Ема Гонзалес најави дека таа и нејзините соученици ќе бидат „децата за кои ќе читате во учебниците... ние ќе бидеме последното масовно убиство“. Тоа секако е преурането. Но овие ученици би можеле да бидат оние кои ќе ѝ се спротивстават на диктатурата на американската вооружена логика со една широка општествена опозиција.
Треба да им бидеме благодарни. Не само што е крајно време, туку тоа одамна помина.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама