1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За Радев францускиот предлог е најдобар за Бугарија

ДТЗ
20 јуни 2022

На бугарскиот претседател му се допаѓа францускиот предлог, но смета дека нема доволно време за да се тргне ветото со цел деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија.

https://p.dw.com/p/4CxYv
Bulgariens amtierender Präsident Rumen Radev
Фотографија: Nikolay Doychinov/AFP/Getty Images

На бугарскиот претседател Румен Радев му се допаѓа францускиот предлог, но смета дека нема доволно време за да се тргне ветото со цел деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија.  

Предлозите на француското претседателство се најдобри и најправедни во моментов“, убеден е Радев. Но, според него, во моментов нема време да се случи укинување на ветото. „Нема шанси тоа да се случи сега, а тоа што овој протокол мора да го усвои и бугарскиот парламент и парламентот на РСМ. Ако нема јасни механизми со мерливи критериуми, тогаш тоа не е решение“, додаде Радев. 

Радев бара да се произнесе Владата 

Бугарскиот претседател побара Владата на Бугарија да се произнесе за предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Македонија. 

„Сегашниот пристап не може да функционира. Бугарската Влада треба да даде мислење врз основа на експертизата на бугарското Министерство за надворешни работи и доколку на кој било начин ја ажурира националната рамковна позиција со своја одлука, дури потоа да ја испрати до парламентот на одобрување, а не обратно како што е во моментов“, изјави Радев во Литванија, каде учествува на форумот „Три мориња“. 

Bulgarien  Kiril Petkov und Rumen Radev
Румен Радев ја префрли топката кај премиерот Кирил Петков и бара тој да се произнесе за францускиот предлогФотографија: Valentina Petrova/AP/picture alliance

Според него, Рамковната позиција на Бугарија во 2019 година беше утврдена и усвоена со одлука на тогашната бугарската Блада и потоа поддржана со Декларација одобрена од страна на тогашниот состав на Собранието. 

„Навистина има напредок. Промената на Уставот на Република Северна Македонија е веќе прифатена да се случи. Во Софија никогаш не сме зборувале за малцинство, туку за рамноправност на македонските Бугари, која ја заслужуваат. Прво да се промени Уставот, па дури потоа да почнат преговорите со ЕУ“, вели Радев. 

Рамноправност, а не малцинство 

Тој смета дека Министерскиот совет и Народното собрание треба да решат дали билатералниот протокол што треба да се потпише доволно го штити бугарскиот интерес и отсега на него да се градат преговарачки односи. Ова е клучот за правично решавање на проблемот. 

„Билатералните прашања треба да се покренат на ниво на ЕУ - преговарачката рамка, ова не е само билатерален спор околу историјата, тоа се прашања кои се однесуваат на темелите на ЕУ и по многу состаноци и убедувања, европските партнери конечно сфатија дека ова е местото за решавање на овие прашања“, нагласи Радев. 

Тој бара рамноправност на македонските Бугари заедно со другите народи, а не малцинство. „Ние никогаш не сме зборувале за малцинство“, дециден е Радев. 

Бугарскиот премиер Кирил Петков во саботата изјави дека на Самитот на ЕУ во Брисел неделава „нема да оди со став на Владата во однос на „францускиот предлог“, туку со одлука на Народното собрание“ на Бугарија. 

„Предлогот на француското претседателство со ЕУ е веќе во Народното собрание на Бугарија. Пратениците ќе донесат одлука и ќе ја исполнам волјата на Народното собрание“, рече Петков. 

-повеќе на темата: Никола Димитров: Францускиот предлог е дебакл за македонската дипломатија

Според бугарските медиуми, шансите да се реши случајот со Северна Македонија е заложник на внатрешната криза во Бугарија и ќе треба да се почека гласањето за доверба на владата, коешто ќе биде најверојатно в четврток. Истиот ден започнува и средбата на европските лидери на која ќе се разговара за предлогот на француското претседателство со ЕУ за Северна Македонија. Според извори на Медиапул, доколку бугарската Влада опстане, може да има развој на ова прашање в петок, на вториот ден од самитот.  

Преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски смета дека преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ во кој се разговара и се става рамка за преговарање за пристапување во ЕУ како организација на земјите членки, а билатералните прашања да се решаваат меѓу државите. Ковачевски на прес-конференција со финската премиерка Сана Марин, рече дека  од решавањето на отворените билатерални прашања зависи и прогресот во делот на преговорите откако ќе отпочнат. Тој  изрази надеж дека земјите од ЕУ ќе усвојат преговарачка рамка која ќе го отсликува мултилатералниот карактер на документот и Бугарија ќе биде на ниво на соседна држава која сака да ја види другата соседната држава како полноправна членка на ЕУ. 

Nordmazedonien | Prespa Forum in Ohrid
Димитар Ковачевски смета дека преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ Фотографија: Reg. Nordmazedonien

Во однос на прашањето што содржи протоколот и на што се согласила Северна Македонија, Ковачевски вели дека тоа не е нов договор кој се додава на веќе постојниот Договор со Бугарија, туку констатира што досега е направено и што треба да се направи во иднина. 

„Тој не е посебен договор или нешто ново кое се случува со Бугарија, оти такви протоколи се прават во однос на статусот и следните чекори и обврски кои сме ги презеле двете земји. Тоа е работа на МНР и експертските групи во однос на тоа до каде се стигнати во преговорите и се потпишува на ниво на МНР. Тоа не е нов договор што се додава на она што го имаме досега во Договорот со Бугарија“, рече Ковачевски.