Ружин: Макрон сега е на иста позиција како Марин Ле Пен | Северна Македонија | DW | 23.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Ружин: Макрон сега е на иста позиција како Марин Ле Пен

Како почна да се „топи“ големиот Европеец, космополит и промотор на интеграцијата на Западен Балкан? Професорот Ружин ги анализира причините кои доведоа до тврдиот став на Макрон.

Kombobild Macron Le Pen

На позициите на Макрон можеби делуваше успехот на есктремната десница на неодамнешните европски избори, но и очекуваните локални избори во март 2020 година, оценува Ружин (фото: Емануел Макрон и Марин Ле Пен)

Не стивнуваат реакциите и анализите на француското „не“ за пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ, и последиците што може да ги предизвика ставот на францускиот претседател Емануел Макрон. Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламентвчера едногласно го осудија ветото на Франција. Најжесток во критиката беше претставникот на Зелените во ЕП, Филип Ламбертс.

 „Ако се сеќавате, Емануел Макрон го поздравивме како голем Европеец. Но како одминува времето, сфаќаме дека не бил ниту голем ниту Европеец“, рече Ламбертс.

Кои се причините што доведоа до тврдиот став на Макрон - непрележаните детски болести на малите земји од Балканот, или нешто друго?

Постојат повеќе чинители преку кои може да се протолкува француското противење за одлуката за преговори на Северна Македонија и Албанија, вели Нано Ружин, ректор на универзитетот ФОН.

„Во 2017 во говорот пред студентите и професорите на Сорбона, се претстави како голем Европеец, космополит, федералист, промотор на интеграцијата на Западен Балкан. Потоа следеше критиката од страна на Марин Ле Пен, лидерката на екстремната десница дека ‘Макрон се занесувал Западен Балкан да го внесе во ЕУ, што би било катастрофа за Европа, нови мигранти, организиран криминал, корупција...' Оттогаш почна кружното движење на Макрон кон позициите на екстремната десница на Франција во однос на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Може да се констатира дека неговата позиција е идентична со онаа на Марин Ле Пен. Можеби на неговите позиции делуваше успехот на есктремната десница на неодамнешните европски избори, но исто така и очекуваните локални избори во март 2020 година“, оценува Ружин.

Brüssel | Zweiter Tag des EU Gipfel | Emmanuel Macron (Reuters/J. Geron)

Макрон во Европскиот парламент беше предмет на жестоки критики

Ублажување на ефектите, маскирање на причините?

Со цел да го ублажи ефектот на неговиот негативен однос кон проширувањето, Ружин потсетува дека Макрон во Стразур 2018 година ја предложил француската „Стратегија за Западен Балкан“ со четири големи домени на реформи (политика, правна држава, социјален и безбедносен). Потоа во Тулуз и Брисел предложи „нова методологија“ за проширувањето, односно „промена на правилата во текот на натпреварот".

„Дел од аналитичарите, како Сорос помладиот, сметаат дека ‘Макрон не можел да се ослободи од исламофобијата и албанофобијата'. Точно е дека бројните атентати во Франција беа дело на исламските џихадисти, што го зголеми анимозитетот кон исламската популација и мигратите. Во овој миг во Франција е и дебатата околу можната забрана на носењето бурка на јавни места", наведува Ружин. 

Но и најавениот Брегзит, како и ослабените позиции на Меркел, отвориле широк простор пред Макрон за исполнување на неговите визии за Европа. „Неговиот слоган во јуни 2019 година беше: ‘Прво реформи во ЕУ, а потоа проширување - одиме во длабочина, а не во хоризонтала', теза стара повеќе од една деценија, особено при проширувањето на ЕУ со Хрватска. Со проектот ‘Ренесанса за Европа' Макрон најави серија реформски мерки за продлабочување на односите кои најдиректно се однесуваа на Германија. Неговите амбиции лесно ги отфрли Анегрет Крамп-Каренбауер. Останатите лидери, како чешкиот лидер Бабиш, сметаа дека ‘реформите на Макрон се со цел да се искористи заминувањето на Британија со поголем простор за Франција (‘што повеќе Европа, толку повеќе Франција'). Тој го стави под прашање принципот на ‘отворени врати', една од најзначајните вредости на ЕУ, а можеби С. Македонија и Албанија се колатерални штети на ривалитетот со Германија", коментира професорот.

Europatag (DW/S. Padori-Klenke)

Макрон го стави под прашање принципот на отворени врати на ЕУ, оценува Ружин

Разочаран од илибералната демократија

„Списокот“ не за вршува со тоа. Тука е разочараноста на Макрон од ‘илибералниот модел на демократија' на Унгарија и Полска кој десетина години функционираше и во Северна Македонија. Тој ги критикуваше и поранешните држави од комунистичкиот блок кои се членки на ЕУ како големи корисници на европските пари, кои не ги почитуваат европските вредности и договорот за квотите на мигрантите. На дел им забележа за нивниот проамериканизам (‘Ние ги финансираме, а тие се вртат кон САД').

За ова, Ружин делумно ќе се осврне и на 25-ти октомври во Белград, каде на Саемот на книгата ќе биде промовирано неговото дело „Европската идеја и балканските иконографии“. Книгата ќе ја промовира Жорж Превелакис, професор на Сорбона и амбасадор на Грција во ОЕЦД во Париз. На промоцијата ќе присуствуваат и поранешниот директор на УНЕСКО, Федерико Мајор, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Уидед  Бушамауи, политичари и јавни личности. 

Грција е за европскиот пат на Западен Балкан

Анализи за последиците од францускиот потег се прават и во Грција. Фокусот е ставен на Преспанскиот договор, за кој не е стивната инспирацијата во дел од македонската десница дека е „ништовен“ или дека „има начини да се поништи“. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој од тамошната опозиција доби критики дека молчи за исходот во Брисел за изборите во Северна Македонија и дека ќе моли Заев да остане на власт, вчера го повтори неговиот став: „Грција е за европскиот пат на Западен Балкан, не само затоа што ја претвора перспективата во фактор на стабилност во регионот, туку и затоа што тоа е демократски лост за неопходна модернизација на соседите и за решавање на нашите билатерални прашања".

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама