1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Michael Roth - Mitglied des Deutschen Bundestages
Фотографија: Markus Schreiber/AFP/Getty Images

Рот: Договорот од Берлин е основа на португалскиот предлог

БГ
26 мај 2021

Германскиот министер Михаел Рот денеска потврди дека предлогот на португалското претседателство за надминување на македонско-бугарскиот спор има основа во договорот постигнат во Берлин во ноември минатата година.

https://p.dw.com/p/3u0JK

Сакаме и работиме на тоа на 22 јуни во Советот на ЕУ да имаме позитивна одлука за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, порача денеска од Скопје германскиот министер за Европа Михаел Рот. Тој откри дека актуелните предлози на португалското претседателство за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје се базираат на нон-пејперот кој беше дискутиран во Берлин во ноември минатата година. 
Во ноември минатата година, со медијаторство на германското МНР во Берлин беше договорен нон-пејпер со кој требаше да се отвори патот на Скопје кон ЕУ, но Софија подоцна го одби. 
„Не само Германија, туку и другите партнери во ЕУ се чувствуваат обврзани кон европската иднина на Северна Македонија. Сега работиме забрзано тоа да се случи за време на португалското претседателство“, рече Рот. Германскиот министер вели дека Северна Македонија нема проблем со ЕУ, и дека спорот со Бугарија е од билатерална природа кој мора да се реши меѓу двете земји.

Вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров е убеден дека со добра волја од двете страни може да се реши проблемот со Бугарија.
„Одолговлекувањето на проблемот прави од сите нас губитници. И многу од хероите за кои разговараме во заедничката историска комисија, ако не гледаат некаде од небото, се многу несреќни“. Сепак, Димитров вели дека не зависи се од Скопје.
„Ни треба сличен приод и од другата страна“, вели тој, дополнувајќи дека „чуда се можни“.

Рот им порача на македонските власти дека не треба да се застанува во борбата против корупцијата и непотизмот, и апелираше да се продолжи со тие реформи.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Министерство за правда на Република Северна Македонија

За што служат законите?

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница