Романија: Назад кон национализам и популизам | Свет | DW | 11.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Романија: Назад кон национализам и популизам

Романците денеска гласаат за нов состав на парламентот. Дали земјата ќе направи чекор назад, кон старите политички шеми?

„Корупцијата убива!“ Со ваквиот очајнички крик пред една година десетици илјади Романци, главно млади луѓе, излегоа на протести против корумпираниот политички естаблишмент. Повод беше пожарот во еден ноќен клуб во Букурешт, во кој загинаа над 60 луѓе. Протестите доведоа до оставка на премиерот, социјалдемократот Виктор Понта и неговата влада. Беше назначена експертска влада, под раководство на поранешниот еврокомесар за земјоделство, Дачан Чолош. Таа за една година ја стабилизираше политичката и економската состојба и видливо се приближи до барањата на демонстрантите за почит, одговорност и транспарентност на политичката класа.

Rumänien Parlamentswahl - Dacian Ciolos (Getty Images/AFP/T. Charlier)

Дачан Чолош

Денешните парламентарни избори ќе покажат дали ќе продолжи започнатиот курс од страна на владата на Чолош. Преживеаните од пожарот пред една година се обратија со видео-порака до Романците: „Знаеме дека те боли она во што се претвори твојата земја, дека корупцијата, бирократијата, непотизмот болат. Ако сакаш еднакви права и закони кои ќе се заштитуваат, мора да излезеш на избори!“, велат тие во емоционалниот апел до своите сонародници.

Rumänien Parlamentswahl - Victor Ponta (Getty Images/AFP/D. Mihailescu)

Виктор Понта

Меѓутоа, повикот беше потиснат од телевизиската валкана борба во предизборната кампања. Претставниците на социјалдемократската ПСД и „нејзините“ медиуми беа против сѐ што не е „пра-романско“, односно што е „странско“. Преку екраните на социјалдемократската пропагандна машинерија секојдневно се повторуваше дека Чолош бил управуван од Брисел и дека е масон, како и дека антикорупциската агенција ДНА, која успешно води истраги против корумпираните политичари и веќе доведе зад решетки дел од нив, била далечински управувана од ЕУ и САД. Јаготка на шлагот на оваа националистичка торта е тврдењето дека зад „антироманскиот заговор“ стоел наводно американскиот милијардер и филантроп од унгарско-еврејско потекло, Џорџ Сорос.

Социјалдемократите, и покрај тоа што нејзиниот поранешен лидер Понта е на мета на правосудството поради корупција, а нејзиниот актуелен лидер Ливиу Драгнеа доби условна казна затвор во траење од две години поради изборни манипулации, и натаму е во водство. Последните анкети на романскиот институт ИРЕС покажуваат дека за нејзе би гласале 44% од избирачите. Двете партии кои ѝ даваат поддршка на реформската политика на актуелниот премиер Чолош имаат поддршка од 23% (ПНЛ), односно 7% (УСР).

 

Реклама