Репортери без граници: И покрај скокот, Македонија е меѓу последните во регионот | Македонија | DW | 18.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Македонија

Репортери без граници: И покрај скокот, Македонија е меѓу последните во регионот

Македонската радио телевизија и натаму известува еднострано, во полза на поранешната владејачка партија, констатира организацијата Репортери без граници, која бара реформи во радиодифузната дејност.

Македонија бележи скок од 14 места на ранг-листата на организацијата „Репортери без граници“ за слободата на печатот. Таа годинава се наоѓа на 95 место. Сепак, и покрај големиот скок, Македонија е меѓу последните од земјите во регионот. Зад нејзе се само уште Црна Гора (104 место) и Бугарија (111 место). Неколку места пред Македонија е Србија, која е на 90 место, и која годинава бележи пад од цели 14 места. Албанија е на 82 место на ранг листата, Косово на 75 место, Грција на 65-то, Хрватска на 64-то, а Босна и Херцеговина на 63 место.

Повеќе: Недовршена битка: Македонските медиуми и слободата

Репортери без граници ја критикуваат Македонија поради неспроведените реформи во радиодифузната дејност. Во оценката на оваа организација се вели:

„Високи претставници на власта постојано навредуваат новинари во Северна Македонија. Насилничките напади врз медиумските работници станаа поретки, но долгогодишната култура на неказнивост се чувствува и натаму: само за мал дел од нападите кои се случија во изминатите години се покренати истраги и се идентификувани насилниците. Две години по промената на власта во 2017, сѐ уште ја нема ветената реформа на законот за радиодифузна дејност. Јавниот сервис затоа и натаму известува еднострано, во полза на поранешната владејачка партија. Реформи им се неопходни и на регулативата за клевета и за слободата на информирање.“

SPERRFRIST Infografik Rangliste Pressefreiheit Index 2019 EN

Германија во однос на слободата на печатот бележи стагнација, односно ја има подобрено својата позиција на листата на слобода на печатот за две места - од 15 лани на 13 место годинава, но само поради тоа што други земји забележале пад. Австрија има пад од 5 места и сега е на 16-та позиција.

Повеќе: Слобода на печатот: Како исчезнува нешто што се подразбира само по себе

„Глобално, климата за новинарите во светот е влошена“, оцени за ДВ Силви Аренс-Урбанек, раководител на комуникацискиот тим на „Репортери без граници“. „Сега зборуваме за клима на страв“, додава таа. Особено е впечатливо вербалното подбуцнување против новинарите - светски феномен кој е особено засилен во Европа и САД. И, не секогаш се останува само на зборови. Организацијата бележи 22 напади врз новинари во Германија во изминатата година.

SPERRFRIST Infografik Pressefreiheit Index 2019 Große Abweichungen EN

Најголеми промени во споредба со 2018 година

Најслободно новинарите можат да работат во Норвешка, која како и минатата година е на првата позиција, потоа следуваат Финска и Шведска. Последни на листата на слобода на печат годинава се Еритреја, Северна Кореја и Туркменистан, која бележи пад за две места и сега е на последното 180. место.

DW.COM

Реклама