Ракомет: стравот од Лазаров го испреврте германскиот тим | Северна Македонија | DW | 17.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Ракомет: стравот од Лазаров го испреврте германскиот тим

Германските медиуми го најавуваат вечерашниот дуел против Македонија на Европското првенство во ракомет како „финале“ во групната фаза, кое има огромно значење за нивната репрезентација.

Handball Europameisterschaft in Kroatien Mazedonien vs Slowenien (Reuters/A. Bronic)

Германците стравуваат од Кирил Лазаров

Победникот од вечерашниот дуел меѓу Германија и Македонија не само што ќе ја освои групата, туку ќе добие и два дена подолг одмор и ќе има далеку поголеми шанси за пласман во полуфиналето, наведува во анализата германскиот јавен сервис АРД. На Германија и се неопходни два бода за освојување на првото место, додека Македонија може да биде задоволна и со еден бод.
За значењето кое Германците му го придаваат на дуелот против Македонија говори и одлуката на селекторот Кристијан Прокоп да направи измени во тимот. На местото на Бастијан Рошек, дополнително е повикан 2.10 метри високиот Фин Лемке кој е специјалист за игра во одбраната.

Германскиот јавен сервис пишува дека причината за повикувањето на Лемке е една: „Кирил Лазаров“. Лемке ќе треба да ја затвори страната по која игра еден од најдобрите светски десни бекови, и да помогне во блокот.

Olympiade Rio Handball (Reuters/M. Djurica)

Фин Лемке доби задача да го сопре Кирил Лазаров

„Ниту еден играч не постигнал толку многу голови како Македонецот (92)“, пишува АРД. И ниту еден друг професионалец не постигнал толку многу голови на едно Европско првенство (61) како 37-годишниот Лазаров. Притоа, тој е и рекордер по број на голови во Лигата на Шампионите. И покрај неговата старост тој е најопасниот стрелец во селекцијата на Македонија“, пишува АРД. 

„Лазаров е човек со големо срце“

Поранешниот германски репрезентативец Доминик Клајн, кој настапува заедно со Лазаров во францускиот Нант, во колумна за минхенски Меркур пишува дека честопати разговарале со Лазаров токму за германската одбрана и дека македонскиот капитен особено стравувал од Лемке.

Handball WM Viertelfinale Spanien gegen Deutschland (Reuters)

Доминик Клајн е соиграч на Лазаров во француски Нант

„Кога Лазаров игра низ средината како плејмејкер или се обидува да шутне, средниот блок ќе може да биде подефанзивен, а доколку игра по страничните позиции ќе мораме да го нападнеме, за да ги прекинеме проигрувањата кон пикерите“, пишува Клајн.

Германскиот ракометар вели дека е одушевен од Лазаров и дека за него „може да каже само убави работи“.
„Тој е човек со големо срце, кој живее за своето семејство, за својот тим и за сонот да настапи на Олимпијадата во Токио во 2020 година. Сето тоа на возраст од 37 години, тоа според мене е неверојатно“, пишува Клајн.  

DW.COM

Реклама