1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Различни верзии за оставката на Новаковски

24 февруари 2011

Македонската владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ го осуди чинот на оставката на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, зад што смета дека стојат притисоци од СДСМ. СДСМ пак ги отфрли обвинувањата.

https://p.dw.com/p/10P2r
„Препукувања“ околу првиот човек на ДИК пред вонредни избориФотографија: DW

Новаковски не успеа да одолее на притисоците, кои според информации на ВМРО ДПМНЕ, доаѓале од самиот врв на СДСМ, рече Илија Димовски од ВМЕО ДПМНЕ. Со ваквите, како што рече тој, антидржавни постапки, СДСМ не само што сака да ги избегне изборите, туку и се обидува да го забави функционирањето на институциите задолжени за спроведување на изборите.

ДУИ ќе прифати предлог од опозицијата

Легитимно право е на секој функционер самиот да оцени дали ќе продолжи да ја врши функцијата или не. Ние сме ставени пред свршен чин, изјави денеска Рафис Алити, пратеник и член на највисокото раководство на ДУИ во врска со оставката на претседателот на ДИК, Александар Новаковски. Претседателот на ДИК треба да биде од редовите на опозицијата и ние тоа ќе го почитуваме. Ако опозицијата предложи некој од сегашните членови на ДИК од опозицијата, или некој друг, секако дека ние тоа ќе го поддржиме, изјави Алити.

Skopje Zentrum
Фотографија: DW

СДСМ ги отфрли обвинувањата

СДСМ на прес-конференција денеска ги отфрли наводите дека ја изнудиле оставката на претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски, кој е нивен член, оценувајќи дека немало никаква потреба од тоа ниту дека била резултат на каков било притисок.

Според Игор Ивановски, пратеник и член на Извршниот комитет на партијата, кога ќе се исполнат условите за враќање во Парламентот и ќе се нормализира неговата работа, СДСМ, согласно Законот, е подготвен да даде предлог за претседател на ДИК.

„Во овој момент, однапред ја предупредуваме власта, да не помислува да поставува претседател на ДИК без консултација со најголемата опозициска партија“, рече Ивановски.

Автор: ЖА/СН/миа/макфакс

Редактор: Александра Трајковска